Зборови кои ќе ви го променат животот | 27-годишна девојка напишала писмо ден пред нејзината смрт

2218

Холи Бачер од Австралија неодамна ја изгубила битката со Јуингов сарком, ретка форма на рак што ги напаѓа младите луѓе. Холи имала само 27 години кога починала.

Кога Холи се помирила со нејзината смрт, таа решила да напише отворено писмо за сите лекции што ги научила и за искуствата што ја научиле да ја цени секоја помината секунда на Земјата. Можеби искрените зборови на Холи ќе им помогнат на луѓето да ја видат поголемата слика, онаа што честопати е изгубена во морето од бесмислените стресови и грижи. Таа се обидела да им каже на луѓето да се фокусираат на значајните работи и да живеат со полни гради.

Во продолжение, прочитајте го нејзиното трогателно писмо што го објавила на Фејсбук еден ден пред нејзината смрт …

Чудно е да се стане свесен и да се прифати сопствената смрт на 26-годишна возраст. Тоа е една од тие работи што ги игнорирате. Деновите минуваат, а вие очекувате дека ќе продолжат да доаѓаат.. Додека не се случи неочекуваното. Секогаш се замислував како стареам, имам брчки и сива коса, најверојатно предизвикана од прекрасното семејство (со многу деца) што планирав да го изградам со љубовта на мојот живот. Го посакувам тоа до болка.

Тоа е интересното кај животот. Тој е кршлив, бесценет и непредвидлив и секој ден е подарок, а не право.

Сега имам 27 години. Не сакам да си одам. Си го сакам животот. Среќна сум. Тоа им го должам на моите сакани. Но, контролата не е во мои раце.

Не ја започнав поракава со зборовите „пред да умрам“ за да предизвикам страв од смртта. Ми се допаѓа фактот што најчесто не сме свесни за нејзината неизбежност. Освен во моментите кога сакам да разговарам за неа и луѓето ја третираат како „табу“ тема, како да нема никогаш никому да му се случи. Тоа беше малку тешко. Едноставно посакуваме луѓето да престанат да се грижат за малите, безначајни стресови во животот и да се обидат да запомнат дека сите ние имаме иста судбина после сѐ, па затоа, направете сѐ што можете за да го поминете времето квалитетно.

Продолжува на страна 2