Кина официјално ја лансира најголемата 5G мрежа во светот, а телекомуникациските оператори во таа земјата на клиентите им ги нудат 5G услугите по почетна цена од 18 долари месечно.
Петтата генерација на интернетот за мобилни телефони обезбедува многу поголема брзина на преземање и пренос на податоци, поголема покриеност и постабилни врски, пренесува RT.
Три кинески оператори – China Mobile, China Telecom и China China Unicom – понудиле 5G пакети со почетна цена од 128 јуани (18 долари) за 30 GB податоци месечно, што на кинеските корисници на Интернет им овозможува пристап до ултра брз мобилен интернет.
Сепак, експертите предупредуваат дека цената е превисока за поттик на пошироко прифаќање на новата мрежа, пренесува Си-Ен-Би-Си.
Споменатите оператори првично лансирањето на мрежата 5G го планирале за следната година, но сепак ги забрзале своите планови, пренесува Танјуг.
Комерцијалните 5G услуги сега се достапни во 50 градови, вклучувајќи ги Пекинг, Шангај, Гуангжу и Шенжен, објави Си-Ен-Ен, повикувајќи се на кинеската новинска агенција Синхуа.
Скоро 12,000 5G базни станици се активирани во Шангај за поддршка на 5G покриеност во клучните урбани отворени зони.
Според проценките на владата во Пекинг, повеќе од 130.000 5G базни станици ќе бидат активирани до крајот на годината за поддршка на оваа мрежа.
Повеќе од 10 милиони корисници се регистрираа за 5G пакети од три локални кинески превозници пред започнувањето со работа на оваа мрежа, објавиле локалните медиуми на почетокот од октомври.
Неодамна објавениот извештај на Меѓународната асоцијација за мобилна индустрија на GSMA предвидува дека Кина до 2025 ќе води во глобалната 5G револуција со повеќе од 600 милиони претплатници.
Си-Ен-Ен потсетува дека и другите земји, вклучително и Соединетите држави и Јужна Кореја, започнале со услугите на 5G во избрани области на почетокот од оваа година, но дека кинеската комерцијаллна мрежа е најголема, според студијата на Bernstein Research.