Летото и горештините се сосема блиску, а тоа оди рака под рака со потењето. Тоа се случува во областа на лицето, пазувите и други видливи места.
На што сепак може должи деноноќното потење на стапалата, што не е под влијание на температурата или активноста.
Според податоците на Меѓународното здружение на хиперхидроза 3% од населението е погодено од прекумерно потење. Почесто се јавува кај младите, како и кај мажите во споредба со жените. Зошто се случува ова? Нудиме некои одговори.
Што предизвикува хиперхидроза?
Тоа е наследна болест поврзана со хиперпродукцијата на пот. Се појавува кога сме нервозни, при спарност, висока температура, инфекција, како и од некои ткива и габи во чорапите.
Ако потењето на стапалата ги надмине нормалните нивоа кои не се поврзуваат со физичка активност, причината е генетска.
Дали чорапите и чевлите не се причина за проблемот?
Важно е да сме сигурни дека чорапите ни се од материјај како памук кој дозволува “дишење“. Кога носиме затворени чевли, тоа може да го унапреди потењето, особено кога времето надвор е топло. Кога е можно и соодветно, препорачливо е да се избираат добри материјали, природни материјали и отворени чевли.