Еден од најкористените сосови за тестенини е познатиот францускиот бел кремаст бешамел.
Затоа, пред да почнете да приготвувате вистински специјалитети, потребно е да го владеете мајсторството на сосот бешамел.
Состојки
- 40g брашно
- 40g путер
- 500ml млеко
- сол и црна пипер
- мелено индиско оревче
Подготовка
Растопете го путерот во тавче на ниска температура. Кога ќе почне да се прави пена, додајте го брашното и оставете го да се готви 5 минути. Преку целото време мешајте брзо со дрвена лажица. Турете малку од млекото. Ќе се формира каша со грутки. Потоа додајте го остатокот од млекото и мешајќи обидете се да добиете хомогена смеса без грутки. Додајте ги солта, пиперот и индиското оревче.



















