Астрономите откриле црна дупка со чудовишна големина | „Таа е поголема од повеќето галаксии во универзумот“

386

Астрономите велат дека новооткриената црна дупка е дури 30 милијарди пати поголема од нашето Сонце и е првата чија големина е измерена со помош на гравитациони леќи.

Научниците од британскиот Durham University откриле огромна, ултрамасивна црна дупка со набљудување на нејзиниот ефект врз светлината што поминува или појавата на гравитациона леќа. Во студијата бил вклучен и германскиот Max Planck Institute. Ова е една од најголемите црни дупки во универзумот досега.

Шефот на истражувањето, д-р James Nightingale, изјави за BBC дека дури и тој се борел да разбере колку е голема работата. Астрономите велат дека оваа црна дупка е дури 30 милијарди пати поголема од нашето Сонце и е првата чија големина е измерена со помош на набљудувања со гравитациони леќи. Студијата поврзана со таа црна дупка е објавена во списанието Monthly Notices of the Royal Astronomical Society.

Дури и како астроном, тешко ми е да разберам колку голема работа е ова. Ако го погледнете ноќното небо и ги изброите сите ѕвезди и планети што можете да ги видите и ги ставите во една точка, тоа би било дел од процентот од големината на оваа црна дупка. Оваа црна дупка е поголема од повеќето галаксии во универзумот, истакна Nightingale.

  • Тој додаде дека неговото откритие го турка нашето разбирање за астрономијата до нејзините граници, но постави и интересно прашање. „Како се формира толку голема црна дупка за само 13 милијарди години од постоењето на универзумот?“, вели Nightingale

Откривањето на оваа супермасивна црна дупка започна во 2004 година кога професорот Alastair Edge од Durham University забележал џиновски лак на светлина додека ги прегледувал сликите на галаксиите.

Студијата користела слики со исклучително висока резолуција од телескопот Hubble на NASA и суперкомпјутерот DiRAC COSMA8 на универзитетот за понатамошно истражување и потврдување на постоењето на црната дупка.

Го најдовме овој многу посебен зрак светлина кој патува исклучително блиску до оваа црна дупка. Беше на растојание од приближно 40 милијарди пати поголемо од растојанието на Сонцето од Земјата, што е многу мало во астрономска смисла, објасни Nightingale.

Конечно, тој нагласи дека употребата на гравитациони леќи може да овозможи откривање на уште многу црни дупки надвор од нашиот локален универзум и да открие како овие егзотични објекти еволуирале понатаму во космичкото време.