СВЕКРВИТЕ И БАБИТЕ ОД ПЕКОЛОТ | Не се знае што е полошо | Видео

855

Колку психо мора да бидеш од еден до „ќе влезам дома, ќе преуредам сè, вклучително и спалната соба“ и потоа заклучуваш „мора да бидете поорганизирани кога ќе дојде бебето, но барем знам дека имате добар сексуален живот”

Зошто свекрвата и снаата имаат иста крвна група? Затоа што свекрвата ѝ ја пие крвта. Која е разликата помеѓу свекрва и Вегета? Никаква, во сè се мешаат …

Има безброј подобри и полоши шеги за роднини кои се обидуваат да ги смират, заладените односи што не сме ги избрале, со доза на хумор. Но, на актерите на овие примери не им било до смеа.

1. Не само што се облекла во бело, туку во вистинска венчаница

Сите знаеме дека постои одреден бонтон за свадби. На пример, добро е жените да избегнуваат црвени фустани, а освен ако младенците експлицитно не побарале, строго е забрането е да се носи бело. Сосема е очигледно и зошто.

Но, една свекрва отишла чекор подалеку и облекла сопствена венчаница на свадбата на нејзиниот син и снаата. Кој знае која била причината, дали сакала да се пофали дека сè уште влегува во неа, затоа што фантазирала за ќерка на која ќе ѝ го предаде фустанот на свадбата или, ете, синот ѝ се жени па срамота е да се фрли. Но, едно е сигурно – сигурно ѝ било тешко да не биде во центарот на вниманието.

Младенците тоа не го нѝ забележале, но ги затекла бизарна глетка кога фотографот ги замолил да се фотографираат заедно.

2. Го отрула зетот „затоа што сака да страда“

Ако можеби заостануваат зад свекрвите во посесивност, бабите не заостануваат во злоба ниту во психопатски пристап. Откако го посети д-р Phil, бабата, која се претставила како Khalood, брзо го привлече вниманието на гледачите. Не без причина. Без никакво двоумење спомнала дека на својот зет му го дала прекарот „Глупав“. Тоа што мисли за него го покажала додека зборувала за грижата на Steve (зетот) кој полека ја прави нејзината ќерка мрзелива и груба исто како што е тој.

Во текот на разговорот таа открила неколку работи кои докажуваат дека има посериозни проблеми. Ноншалантно раскажала дека за време на празниците му ставила нешто во топлото чоколадо на зетот затоа што ужива да го гледа како страда. Таа, исто така, признала дека правела копии од клучевите на парот и редовно влегувала во нивната куќа ненајавено доколку тие не ѝ одговарале на повици или СМС пораките.

3. „Не е природно синот да оди против мајка си, таа е виновна“

Идната свекрва Annette отворено признава дека (нејзе) не ѝ е добро ништо што прави нејзината снаа Justine. Звучи како многу други свекрви, особено кога тврди дека Justine е виновна за сите проблеми во врска со нејзиниот син. Свекрвата не се откажува и ќе направи сè за да биде по нејзино.

Таа игнорира сè што парот мисли и прави за воспитувањето на нивните деца, а нивните свадбени планови ги нарекува „смешни“ и нема да биде среќна освен ако не одат на местото кое таа го сака, иако тоа не е нејзина свадба.

Таа дури отишла толку далеку што рекла: „Не е природно синот да оди против својата мајка“, обвинувајќи ја Justine што не сака нејзиниот син слепо да ги слуша предлозите на неговата мајка. А не, да речеме, да одлучува заедно со жената на својот живот.

4. Свекрвата полудела на свадбата, синот само гледал …

Доволно е лошо кога имаш свекрва која е груба кон тебе, но кога ни маж ти не сака да застане зад тебе, работите се многу полоши. Оваа мајка и снаа се пресметале на свадбата.

Парот се одлучил за традиционална венчавка, па во пресрет на започнувањето на заедничкиот живот добиле пари од гостите како подарок. Но, свекрвата барала парот да ѝ ги даде сите пари што ги добиле. Потоа таа би ги преброила и одлучила колку би можеле младите да потрошат и на што.

Не само што се обидела да ги контролира парите дадени на новата двојка, туку инсистирала семејството на невестата да плати половина од свадбата, иако им било дозволено сами да поканат 50 од 400 гости. За време на кавгата околу касичката за која новата снаа ги замолила пријателите да ја сокријат од свекрвата, и тоа уште на свадбата, свекрвата целосно ги пуштила сите кочници и почнала да вика на снаата со грозни имиња. Ја навредувала, ја пцуела, измислувала приказни и обвинувања пред сите гости.

Откако околу 10 минути слушала вербално малтретирање, невестата ја напуштила сопствената свадба. Нејзиниот сопруг само стоел и гледал, не кажувајќи ништо цело време, не бранејќи ја својата нова сопруга или барем да побара од мајка му да престане.

Оправдување? „А сепак таа ми е мајка“. Се разбира, сопругот сега е поранешен.

5. Не била задоволна од полот на детето ?!

Парот, како што е обичај во САД, решил да организира забава за да го открие полот на детето. Но, бабата се налутила што парот прво не ѝ кажал дали ќе добијат внук или внука. А нејзиното незадоволство резултирало со одвратна сцена на самата забава.

Двојката поканила мал број гости дома, а потоа се појавиле во живо на Фејсбук за да ги споделат резултатите со поширокото семејство и пријателите. Користеле димни бомби во боја, а штом бомбите откриле син чад, свекрвата врескала „нееее“ и почнала хистерично да плаче. Набрзо си заминала во солзи, но тоа не ја спречило еден по еден да ги повикува членовите на семејството, плачејќи дека е несреќна.

6. „Не сте организирани, но барем знам дека имате здрав секс“

Двојката го напуштила градот на неколку дена, а родителите на жената, кои инаку би требало да ја чуваат нивната куќа, исто така си заминале, па наместо тоа ја прашале мајката на сопругот.

Свекрвата има мал проблем со чистењето, па очекувале „добронамерни“ коментари кога ќе се вратат или дека ќе испере алишта или слично. Но, ништо не можело да ги подготви за она што ги очекувало.

Свекрвата им го преместила секој предмет во куќата. Таа ја реорганизирала од врвот до дното. Колку не се грижела за елементарните граници на пристојноста говори и тоа што целосно ги преуредила работите во нивната спална соба. А ако мислите дека тоа е најлошото, треба да го почекате нејзиниот коментар. „Ако сакате да имате деца, ќе мора да бидете поорганизирани, но барем знам дека имате здрав живот во спалната соба“.

7. Дестилирана злоба и љубомора

Косата на многу девојки е нивна гордост, но на оваа снаа е многу повеќе од тоа. Кога била помлада, експериментирала со косата секогаш кога се мачела. Во моменти на психички проблеми, тоа ѝ овозможило да чувствува некаква контрола над себеси и ѝ давало нешто на што може да се фокусира. Оттогаш, нејзиното ментално здравје значително се подобрило, а косата ѝ пораснала веднаш до под половината.

За неа ова било симбол за тоа колку далеку стигнала со нејзиното ментално здравје. На нејзината свекрва, сепак, не ѝ се допаднала нејзината коса, ниту се грижела за тоа колку неа ѝ е важна.

Прво дојдоа грдите коментари за тоа дека изгледа како гнездо на стаорец, а потоа како не заслужува толку долга коса. Еден ден кога снаата и сопругот биле во посета на неговото семејство, љубоморната свекрва и пришла одзади и ѝ отсекла големи парчиња коса. По уште неколку грди коментари, таа само ѝ порачала на скршената снаа да престане да претерува бидејќи и онака ќе порасне.

Непотребно е да се каже дека снаата била скршена и оттогаш не разговарала со неа.

8. Ја нарече снаата ѕвер

Свекрвата Patty ја мрази својата снаа Heather толку многу што ја нарекува „ѕвер“ и отишла дури дотаму што ја нападнала во сон.

Таа се појавила во емисијата „Соочи се со вистината“, каде што се соочила со водители кои се обидувале да ја доловат суштината зошто Patty има таква агресија и насилни чувства кон Хедер. Откриле дека по пат се случиле работи што предизвикале дефект во нивната врска, а со губењето на нивниот втор син, Patty можела да ги пренасочи своите чувства на вина и тага кон Heather во форма на голема агресија.

Без оглед на причините, оваа свекрва семејните кавги ги довела до крајности.

9. Таа буквално го киднапирала бебето затоа што знае подобро …

Имено, приказната започнува како и повеќето. Свекрва која очајно сака да контролира сè и постојано се наметнува. Но со трауматичен пресврт.

Сопругата родила прекрасно девојче кое имало проблеми со спиењето. Свекрвата се задолжила да ѝ даде на новопечената мајка (снаата) до знаење што се точно погрешно прави и тврдела дека бебето добро ќе се наспие во нејзината куќа. Новопечената мајка повеќе пати рекла не, бидејќи уште било многу рано, и сè уште го доела бебето.

Новопечената мајка една ноќ се разбудила во паника бидејќи со часови немало врева од нејзиното бебе. Истрчала во собата на детето и нашла празно креветче. Нејзините хистерични крици и плачење ги разбудиле нејзиниот сопруг, кој тргнал во потрагата по бебето. По неколку минути избезумено пребарување, мајката притрчала до телефонот да повика брза помош и открила дека нејзината свекрва ѝ испратила селфи како го држи бебето додека спие. Сосема ненајавено, свекрвата користела резервен клуч за да го земе бебето додека парот спиел, носејќи го дома бидејќи била убедена дека може да го заспие цела ноќ.

Кога избезумената мајка, чие дете е киднапирано, почнала да ја довикува свекрвата, таа имала образ да ѝ каже дека претерува затоа што ѝ „пукаат“ хормони.

10. Поради тоа што направила, ја исклучиле од животот

Овој пар бил заедно од средно училиште, заедно оделе на факултет, се венчале и станале бремени. И покрај тоа што повеќето од нас би го нарекле совршена врска, свекрвата отсекогаш имала проблеми со партнерката на нејзиниот син.

Кога се родило бебето, нејзините чувства на гнев и одвратност кон снаата само се засилиле.

Таа се обидела насилно да влезе во породилната сала, тврдејќи дека има право да види како се раѓа нејзиниот внук, но била отстранета од болничкиот персонал. Откако се родило девојчето, таа побарала да го семе во раце, а кога парот се согласил, таа го плукнала бебето во лице, велејќи дека ќе испадне исто како нејзината мајка. Тие, се разбира, го зеле бебето, и целосно ја исклучиле од својот живот.