Откриени две нови планети кои, можеби, се НАСЕЛЕНИ | Видео

209

Таинствени светови кружат околу една од најблиските ѕвезди до Земјата, Тегарден, а двете можат да имаат атмосфера погодна за развој на живот, пишува The Sun.

„Двете планети наликуваат на внатрешните планети на нашиот Сончев систем. Тие се само малку потешки од Земјата и се наоѓаат на т.н.р. населива зона, каде што водата може да биде присутна во течна состојба“, рекол научникот Матиас Зекмајстер од Универзитетот во Готинген.

Планетите ги пронашла група научници кои три години го следеле нивното движење. Се чини дека двете планети се карпести и се наоѓаат во ѕвездената зона погодна за живот. Научниците мислат дека на нивната површина има и вода.

Се проценува дека внатрешноста на планетата има просечна температура од околу 20 степени Целзиусови, додека надворешниот дел е малу поладен, околу -47 степени.
Прочитајте и… Која е Џил Бајден, новата прва дама на САД? Наставничка за цел живот, воинствена мајка, баба, сестра…

„Двете планети околу Тегарден се потенцијално населиви. По некое време ќе видиме дали се навистина населиви или можеби населени“, изјавил д-р Игнаси Рибас од Институтот за вселенски студии на Каталонија.

Забелешка: Преземањето на оваа содржина е дозволено само ако го наведете изворот со задолжително линкување на нашиот домен и оригиналната статија!

Доколку сакате да прочитате повеќе содржини како оваа, препорачуваме да го посетите нашиот портал www.kukuriku.com.mk, а со лајк на нашата фан страна станувате дел нашето многубројно членство facebook.com/Kukuriku.mk/.