Трагедија која го шокира светот

248

Застрашувачката приказна се случила во 1970 година, а момчето на фотографијата е Кеит Сапсфорт, 14-годишен австралиски тинејџер.

Уште од раното детство Кеит чудно се однесувал, бегал од дома, одел на излети, поминувал по неколку недели во шума или на станица во потрага по авантури.

Родителите биле свесни за неговите необични страсти па му организирале патувања низ светот надевајќи се дека момчето ќе добие дел од емоциите неопходни за да престане да бега од дома. Но, тоа не го смирило тинејџерот.

На 24 февруари 1970 година, Кеит се одлучил за авантура – лет од Сиднеј до Токио,која се покажала како кобна. Отишол до аеродромот, се качил во хангарот каде што бил авионот ДЦ-8 на компанијата Japan Airlines и се скрил во делот кој служел да ги држи тркалата во текот на летот.

При подготовките за полетување момчето останало незабележено. Кога авионот полетал, просторот за тркалата се накосил под специфичен агол, а Кеит Сапсфорт паднал од висина од 60 метри и трагично го загубил животот.

Но тука не е крајот на приказната. Џон Гилпин, фотограф од Сиднеј, го сликал авионот тестирајќи ја новата фотоопрема, а не бил свесен дека во објективот му влегол падот на Сапсфорт.

Седум дена подоцна Гилпин го развил филмот и ја забележал морничавата снимка на фаталниот пад на момчето од авионот.

Кога приказната излегла во јавност, експертите оцениле дека момчето не би стигнало живо во Токио и да не паднело поради ниската температура или недостатокот на кислород во просторот за тркала.

Забелешка: Преземањето на оваа содржина е дозволено само ако го наведете изворот со задолжително линкување на нашиот домен и оригиналната статија!

Доколку сакате да прочитате повеќе содржини како оваа, препорачуваме да го посетите нашиот портал www.kukuriku.com.mk, а со лајк на нашата фан страна станувате дел нашето многубројно членство facebook.com/Kukuriku.mk/.