Зошто мажите стапуваат во брак?
Клинт Едвардс е татко на три деца и автор на популарниот блог No Idea What I’m Doing A Daddy Blog (Немам поим што правам: Блог на еден татко).
Тој искрено вели дека веќе одамна се помирил со фактот дека неговата куќа никогаш нема да биде беспрекорно чиста, но неговата мајка не.
Клинт го опишал неодамнешниот разговор со неа на таа тема, кога му приговорила дека неговата сопруга Мел не чисти како што таа мисли:
“Пред неколку недели разговарав со мајка ми на телефон, кога рече: Не ли ти пречи што Мел не ја чисти куќата малку подобро? Беше сабота. Ги раскревав садовите и искрено не знаев што да кажам. Мајка ми не го кажа тоа на зол начин или било што друго. Повеќе беше љубопитна.
Добро не го познавав својот татко, но се сеќавам на неговиот совет при избор на жена: Дојди ѝ дома неочекувано и погледни како тоа таму изгледа. Многу нешта можат да се дознаат за жената врз основа на тоа како се грижи за куќата.
Мислам дека загриженост на мојата мајка за чистата куќа има врска со неа самата и обидите да го исполни она што од неа се очекувало во младоста.
Но, се работи за тоа, за разлика од мојот татко, јас не размислував за чиста куќа кога се оженив за мојата сопруга.
Размислував за тоа како сакам да слушнам што има да каже. Размислував за тоа како се чувствувам заради неа. Размислував за тоа како многу се смее, го сакам тоа. Размислувава како е слатка и внимателна, и како ми се чини дека ќе биде совршена мајка на моите деца.
По неколку минути ги најдов вистинските зборови, и конечно реков:
“Јас не се оженив со неа заради чиста куќа, туку затоа што ми изгледаше како некој со кој би можел да го минам својот животот”.
Ги ставив садовите во машината.
Се прашувата како мојата мајка одговри на ова? Па, на почеток со молчење. Тоа беше малку шокантен момент и за неа. Но не издржа и на крајот кажа, онака преку рамо: Па … Тоа е веројатно поважно од чиста куќа.
Да, реков, и јас мислам така.”
We are at the strawberry days parade. My kids are horrible at getting candy. Look at them sulking in the back with sad, candy-less mouths. I tried to teach them. Oh how I tried.
Gepostet von Clint Edwards am Samstag, 4. Juni 2016