Еве што не смеете да правите пред спиење

105

Работите кои ги правите непосредно пред спиење влијаат на квалитетот на сонот и на тоа дали ќе се одморите и утредента ќе бидете подготвени за новиот ден.

„Бизнис инсајдер“ разговараше со експерти во врска со навиките кои ги имаат нај успешните луѓе кога се работи за сонот.

Во продолжение прочитајте кои навики треба да ги заборавите ако сакате квалитетен и продуктивен сон.

Оставете ја работата

– Вистински успешните луѓе никогаш работата не ја носат со себе во кревет, вели Мајкл Кер, меѓународен портпарол и автор на книгата „The Humor Advantage“. Тие не го проверуваат опсесивно својот имејл и се обидуваат да не мислат на нешта поврзани за својата работа.

Мајкл Вудворд, психолог и автор на книгата The YOU Plan го дели неговото мислење.

Последна работа која треба да ја правите е да лежите во кревет и да размислувате за имејловите на кои треба да одговорите. Усвојувајте навики работата да ја оставите пред да појдете на спиење.

Исклучете се во целост

Не треба да се исклучите само од работа, туку и во целост од останатите грижи, а експертите го делат мислењето по прашањето за тоа дека гледањето во каков било екран пред спиење ви прави повеќе штета од корист.

Синото светло на екранот емитира светлина на сонцето кое на нашиот мозок дава сигнали да престане да произведува мелатонин, хормон кој го регулира сонот. Нарушеното лачење на мелатонинот доведува до проблем со видот, рак и депресија.

Поради тоа, престанете да ги проверувате имејловите, социјалните мрежи и да играте игри на телефонот. Иако на почеток може да ви биде тешко, со време тоа ќе ви стане навика, но добра навика со која ќе направите многу за своето здравје