Еве што не смеете да ставате во блендер

773

Смудиња, сосови, супи, лимонада… Вашиот верен блендер е еден од повеќенаменските алатки во кујната.

Токму затоа, не е ни чудно што се вознемирувате кога сечилата ќе станат тапи. Но, прочитајте ја оваа тајна: Бидете добри со вашиот блендер и тој ќе биде добар со вас.

Ова се производите кои не треба да ги ставате во вашиот блендер

1. Коцки мраз

Освен ако немате навистина моќен блендер што ќе може да го прифати овој предизвик, немојте да ставате коцки мраз во него, бидејќи сечилата ќе станат тапи. Па, што да направите ако сакате да направите смуди, а имате само големи парчиња замрзнато овошје? Оставете ги 10-тина минути да се одмрзнат или користете дробен мраз. На здравје!

2. Пире

Извинете, но сечилата на вашиот блендер се премногу моќни за да направат пире какво што посакувате. Наместо тоа, тие ќе ослободат премногу скроб и ќе им дадат на компирите чудна и леплива густина. Највкусно пире ќе направите доколку рачно ги пасирате компирите.

3. Многу жешка течност

Сакате да јадете чинија топла домашна супа? Прекрасно! Но, дали сте подготвени да ја собирате истурената течност од подот? Не звучи многу забавно, се согласувате? Сета пареа од жешките состојки може да направи поклопката да експлодира, што ќе предизвика вистинска кујнска катастрофа. Наместо тоа, оставете ја течноста да се излади неколку минути пред да ја ставите во блендер и не го полнете до крај, туку некаде до половината. Потоа, блендирајте бавно и истовремено држете ја поклопката цврсто за да не се извади.

4. Суво овошје

Сувите кајсии и сливи може да остават лепливи траги на сечилата од блендерот. Не само што ќе ви биде тешко да ги исчистите, туку може и да го оштетите кујнскиот апарат. Ако сакате да блендирате суво овошје, најдобро е претходно да им додадете течност или да ги потопите во топла вода. Можете и да инвестирате во моќен блендер што ќе успее да се соочи со поцврстите смеси. И не заборавајте убаво да го исчистите блендерот по секоја употреба.

5. Кујнски прибор

Јасно ни е дека сакате сите ваши состојки да се соединат во совршена хармонија, а спанаќот едноставно не мрда од место! Иако можеби ќе паднете во искушение набрзина да искористите лажица за да ги турнете состојките надолу, немојте да го правите тоа освен ако не сакате да си ја уништите лажицата, блендерот и сокот истовремено! Наместо тоа, исклучете го блендерот и потоа помешајте.

6. Тесто

Ако сакате да направите тесто за леб или колачи во блендер, постои голема веројатност дека ќе добиете премногу цврста смеса или пак состојките нема да се измешаат како што треба. Доколку сакате да искористите кујнски апарат за да направите тесто, употребете процесор за храна или миксер.

Забелешка: Преземањето на оваа содржина е дозволено само ако го наведете изворот со задолжително линкување на нашиот домен и оригиналната статија!

Доколку сакате да прочитате повеќе содржини како оваа, препорачуваме да го посетите нашиот портал www.kukuriku.com.mk, а со лајк на нашата фан страна станувате дел нашето многубројно членство facebook.com/Kukuriku.mk/.