Најтешкиот разговор со детето | Како да препознаете сексуално вознемирување

36

Како да му појасните на детето дека неговото тело му припаѓа само нему и дека треба да се обрати на возрасна личност секој пат кога некој ќе го допре на начин на кој го плаши или се чувствува тажно? Постојат пет едноставни правила, кои детето лесно ќе ги сфати!

Рејчел, мајка од англискиот град Дербишир, никогаш претходно со својата тригодишна ќерка Хана не разговарала за темата сексуално вознемирување, бидејќи сметала дека таа тема нема врска со нејзиното семејство.

Сепак откако слушнала за кампањата на Националното друшство за заштита на децата, која советува со децата да се разговара за оваа чувствителна тема, одлучила да се обиде да да поразговара со Хана за тој проблем.

Сепак постапила мошне внимателно: истурила малку мајонез врз скутот на Хана, а потоа додека и ги чистела панталоните, ја искористила оваа прилика да и појасни на дека никој не би смеел да ја допира на тоа место. Кога помислила дека разговорот е завршен, Рејчел слушнала нешто што ја шокирало – девојчето и открило на мајката дека токму на тоа место „ја допирал чичко Рон“.

Дотичниот Рон, Рејчел и нејзиниот сопруг го пријавиле во полиција, а тој денес отслужува затворска казна од осум години.

Мајката на ова дете признава дека и е жал што порано не разговарала со Хана за овој проблем, но исто така дека е и среќна што нејзиното семејство, благодарение на Националното друшство за заштита на децата, успеало да го преброди овој тежок период, а Хана денес не чувствува посериозни последици.

Токму оваа приказна потсестува на важноста на разговорот со малите деца, дури и на толку мала возраст. Не е потребно да им се каже премногу и да уплашат, но важно е децата да сфатат дека нивното тело е само нивно и дека никој нема право да ги допира, особено против нивна волја.

Националното друштво за заштита на децата од оваа причина осмисли едноставни правила наречени ПАНТС. Овие правила лесно можат да се појаснат и разберат, а дури и мошне мало дете ќе може да ги почитува.

Следуваат ПАНТС правилата

Приватност

Важно е да им објасните дека деловите од телото, кои се прекриени со долната облека се нивни приватни делови. Тие делови не смее никој да ги гледа, ниту да ги допре, освен понекогаш, со дозвола на родителот, на пример кога се оди на лекар.

Апсолутно

Неопходно е е децата апсолутно секогаш да имаат на ум дека нивните делови од телото им припаѓаат само ним. Секој, кој ќе се обиде да добие право на нив, е некој кој го крши правилото и детето мора за тоа да им каже на мама и тато.

„Не“ значи „не“

Дури и доколку станува збор за член на семејството или некој друг кого добро го познавате, детето мора да знае дека секогаш има право да каже „не“.

Тајни

Разговорот за тајните е мошне важен, бидејќи му овозможува на детето да сфати дека постојат добри и лоши тајни. Т.н. лоши тајни се на пример речениците како „Тоа е наша мала тајна“ со која злоупотребувачот се обидува да и се закани на својата жртва. Од друга страна постојат и добри тајни. Тоа е на пример подготвувањето на убаво изненадување за нечиј роденден. Исто така на децата треба да им објасните дека по лошите тајни ќе имаат чувство на тага и страв, додека добрите тајни ќе ги исполнат со радост.

Слободно кажи

Детето мора да знае дека може да им каже на родителите секогаш, кога ќе се чувствува уплашено, нервозно и слично. Тоа не мора да бидат само родителите, туку секоја возрасна личност во која има доверба, мајката на некое другарче, воспитувачката.