Многу научни портали во светот пишувале за овој феномен кој траел многу кратко на небото.
Ноќта на 27 март, голем светол црвен прстен можел да се види над централна Италија и на дел од Јадранот. National Geographic пишува дека прстенот изгледал како сцена од научно-фантастичен филм.
Многу научни портали во светот пишувале за овој феномен кој траел многу кратко на небото.
„Морничав прстен од црвено светло трепка како огромен НЛО над Италија. Што ли е тоа?“ се вели во насловот на Live Science.
Фотографот Walter Binotto успеал да направи фотографии кои придвижија многу теории. Набрзо се јавија и научниците и објаснија за што се работи.
Eerie ring of red light flashes like a massive UFO above Italy. What was it? ????https://t.co/p35q2cO1Zr pic.twitter.com/B2az9wKS7R
— Pooetryman (@POOetryman) April 5, 2023
За што точно се работи?
Феноменот е познат и како емисија на светлина и нарушување на многу ниска фреквенција поради извори на електромагнетни импулси или скратено ELVE.
Дијаметарот на кругот во овој случај бил 360 км и претставува вид на пореметување што се јавува во стратосферата или мезосферата поради интензивното наелектризирање на грмотевиците. Односно, кога електромагнетни пулсирања на молња ќе ја погодат јоносферата на нашата планета во нејзините горни делови, се појавува црвено светло.
За прв пат се снимени во 1990 година, а причината за тоа лежи во тоа што најчесто се видливи само од вселената. Експертите тврдат дека неколку од нив се снимени со леќите на камерите на НАСА, но дека оваа последна е најдобрата слика снимена од Земјата.