Бетмен, Спајдермен и Супермен – НЕГАТИВЦИ | Добрите момци во филмовите се повеќе насилни од лошите

33

Педијатрите предупредуваат дека суперхероите се склони кон ризично однесување и насилство: “Клучот е во разговорот”

На децата одлично влијае тоа што се идентификуваат со филмските суперхерои, нели? Неточно. Педијатрите велат дека добрите момци во филмовите се повеќе насилни од лошите.

Филмовите за суперхерои најверојатно ги поврзувате со позитивните лекции за победата на доброто над злото. Но, новото истражување покажува дека таквите филмови всушност испраќаат опасни пораки на младите, бидејќи насилството го ставаат меѓу карактеристиките.

Анализата на десетте филмови за суперхероите, снимени во 2015 и 2016. година, покажала дека протагонистите или “добрите момци” во просек имале 23 насилни акти во еден филмски час, а антагонистите или “лошите момци” 18.
Изненадува фактот дека протагонистите извршиле и повеќе убиства.
Исто така, суперхероите биле пет пати почесто вклучени во насилството од суперхеројките.

Децата и адолесцентите суперхероите ги гледаат како добри момци и на нив би можело да влијае тоа што во филмови се прикажани како личности склони кон ризично однесување и насилство”, вели Роберт Олимпија, професор по педијатрија на медицинскиот факултет на универзитетот во Пенсилванија и главен автор на студијата објавена на конференцијата на Американската педијатарска асоцијација.

Но, тоа не значи дека суперхероите не треба да ги гледаат, рече научникот Џон Милер, соработхик во студијата. Клучот е, вели тој, во разговорот за последиците од насилството.

Тој препорачува семејството заедно да го следат филмот, а потоа да зборуваат за насилството. Тоа ќе им помогне на децата да развијат критичко мислење за она што гледаат и да го прилагодат на нивните семејни вредности.

хина