Кога времето е пријатно за шетање, никој не сака да поминува долги часови во кујната за да готви, но сепак секој сака да ужива во вкусен и сочен викенд ручек.
Имаме предлог како најбрзо да зготвите вкусна пица од компири:
Потребно
- Еден компир
- Маслиново масло
- Пармезан
- Доматен сос
- Свежи печурки
- Моцарела
- Едно јајце
- Пршута (или друг сувомеснат производ по желба)
Подготовка
- Исечкајте го компирот на тенки кружни парчиња и истите наредете ги во круг во садот каде ќе го пржите. Претходно ставете малку маслиново масло.
- На кругот компири наросете пармезан и покријте го садот. Пржете 5 минути на ниска температура.
- По 5 минути додадете ги доматниот сос, печурките, моцарелата и јајцето, гответе 5 минути на средна температура.
- Потоа додадете ја пршутата и ручекот е подготвен.



















