Шибам | Најстарата метропола во светот со кули од кал | Фото/Видео

1938

Јеменскиот град Шибам е најстарата метропола во светот што користела вертикална конструкција.

Во срцето на долината Хадрамаут во Јемен, антички кули од кал се издигнуваат над пустината што претставува светилник на прилагодливост кон најопасните средини.

На работ на пустото пространство на пустината позната како Празен кварт (Rub el Hali), градот Шибам од 16 век останува најстарата метропола што користела вертикална конструкција.

Во 1930-тите, британскиот истражувач Фреја Стар го нарече овој град од кал, некогаш задолжителната станица за зачини и темјан на југот од Арапскиот полуостров, Менхетен на пустината.

Секој аспект на структурата на Шибам бил стратешки. Сместен на карпест гребен и опкружен со голема поплавена долина, се наоѓа на возвишена положба што го штити од поплави, но исто така ја одржува и близината на примарниот извор на вода и земјоделство. Градот бил изграден на правоаголна мрежа зад ѕидините на тврдината, кој ги штител жителите од спротивничките племиња и нудел висока глетка од која можеле да видат како се приближува непријателот.

Кулите од кал и тули се протегаат на седум ката и се направени од плодната земја што го опкружува градот. Тулите направени од мешавина на вода, сено и земја, биле оставени да се печат на сонце со денови. Становите немале прозорци, а просториите во приземјето биле користени за складирање на жито и добиток, додека највисоките нивоа служеа како спратови за дружење.

Мостовите за поврзување и портите меѓу зградите овозможувале брзо бегство, што е уште една од импресивните одбранбени техники на градот.

Оваа структура постојано била загрозена од ветер, дожд и ерозија, па затоа боло потребно постојано одржување. Во 2008 година, тропски циклон го поплави Шибам, оштети неколку структури и се закани дека од уривање на земјените кули.

Стариот дел на Шибам од 1982 година е на списокот на светското наследство на УНЕСКО.

Поради граѓанската војна во Јемен и потенцијалниот вооружен судир, Шибам пред две години беше додаден на Листата на светско наследство во опасност, заедно со уште две наоѓалишта.

Забелешка: Преземањето на оваа содржина е дозволено само ако го наведете изворот со задолжително линкување на нашиот домен и оригиналната статија!

Доколку сакате да прочитате повеќе содржини како оваа, препорачуваме да го посетите нашиот портал www.kukuriku.com.mk, а со лајк на нашата фан страна станувате дел нашето многубројно членство facebook.com/Kukuriku.mk/.