Мистеријата откриена | Еве што навистина се случува кога мачката лиже

2458

Научникот Алексис Ноел и нејзините колеги успеале да ја откријат тајната на јазикот на мачките.

Еден ден, мачката на Алексис Ноел, Марфи, среќно се лижела самата себе – како што обично прават мачките – кога го заглавила јазикот во постелнината на креветот.

Алексис била фасцинирана од процесот и се прашувала зошто јазикот на мачката е толку добар во отплеткување јазли и чистење на крзно. Но, кога погледна во литературата, сфатила дека научниците повеќе или помалку ја игнорирале биомеханиката на чудесната четка на јазик.

Затоа во новата студија, Ноел и нејзините колеги се обидоа да ја откријат мистеријата на јазикот на мачката. Едно од ретките претходни студии покажало дека јазиците на мачките се покриени со зашилени испакнатини што се користат како четки, додека Ноел и нејзиниот тим откриле дека овие испакнатини се всушност куки во форма на канџи со вдлабнатини во форма на буквата “У” на врвовите.

Кога се мирни, четките лежат рамно на јазикот свртен кон грбот, но кога е време да се дотера, куките се исправаат. Вдлабнатините на врвовите на куките ја собираат плунката и ја распоредуваат на крзното додека мачката се дотерува.

Овие испакнатини не се наоѓаат само на јазиците на домашните мачки. Тимот исто така успеа да ги испита јазиците на рисот, пумата, снежениот леопард, тигарот и лавот. И откриле дека дивите мачки имаат и куки со слична големина и форма, но поголемите мачки имаат многу поголем број на такви шила. Иако испакнатините се прилично кратки, тие сепак им служат големи мачки во одржување на крзното. Единствен исклучок е персиската мачка, чии куки не се доволно големи за да се справат со долгото влакно на оваа мачка. Куките исто така го решаваат проблемот со јазли на крзното ротирајќи ги кога ќе ги сретнат.

После целодневниот третман, мачката дистрибуира течност еднаква на една петтина од чаша вода на своето крзно. Покрај тоа што им дава сјаен изглед, снимките од термичката камера покажаа дека негувањето создава температурна разлика од 30 степени помеѓу кожата на мачката и горниот слој на крзното.

Ова истражување ги инспирира научниците да направат своја верзија на четката. Користејќи 3D печатар, научниците создале мала четка TIGR, која го имитира однесувањето на куките на мачките. Научниците веруваат дека новата четка ќе биде полн погодок за сопствениците на миленичиња. Исто така, четката би требала подобро да ги отстранува влакната од троседот од просечната правосмукалка.

National Geographic

Забелешка: Преземањето на оваа содржина е дозволено само ако го наведете изворот со задолжително линкување на нашиот домен и оригиналната статија!

Доколку сакате да прочитате повеќе содржини како оваа, препорачуваме да го посетите нашиот портал www.kukuriku.com.mk, а со лајк на нашата фан страна станувате дел нашето многубројно членство facebook.com/Kukuriku.mk/.