Не поднесувала одвојување од респираторот, се вентилирала со високи кондиции, се создале лузни на белите дробови, едем на мозокот … Таа е на 100% кислород од првиот до последниот ден со заситеност од 50% до 90%, во зависност од денот. Во средината на март, ѝ била направена пункција заради лошата невролошка состојба која не докажала ништо. Оттогаш нејзината состојба се влошува, се појавува екстремен васкулитис и нарушувања на циркулацијата.
Потоа започнува крварење од цевка, од непознато потекло, функцијата на белите дробови станува сѐ полоша, а се појавува и акутен респираторен дистрес, сепса со две различни бактерии, Ц-реактивниот протеин е на 400. На 3 април 2018 година, во 10 часот , срцето на Наѓа запрело и поради реанимацијата доаѓа до пневмоторакс на левото белодробно крило, па се воведува дрен и Наѓа станува стабилна. Сепак, следниот ден, во 18 часот, се јавува срцев застој и со сите преземени мерки за реанимација, Наѓа ги добива ангелските крилја во 18 и 30.
Ја споделив оваа приказна со вас за да ги едуцирам родителите кои се сомневаат во вакцинацијата на нивните деца. Секое дете заслужува и има право да биде заштитено од заразни болести. Наѓа ја даде својата жртва, СВОЈОТ ЖИВОТ, за да покаже дека безопасната детска болест може да загрози сечиј живот. Сега е на нас да ја дадеме својата жртва и да ја споделуваме нејзината приказна, за да не се повтори никому. Мојот Ангел ме напушти премногу рано, но јас ќе се борам никогаш да не се заборави и да не му се случи никому, она што ми се случило мене.”

Забелешка: Преземањето на оваа содржина е дозволено само ако го наведете изворот со задолжително линкување на нашиот домен и оригиналната статија!
Доколку сакате да прочитате повеќе содржини како оваа, препорачуваме да го посетите нашиот портал www.kukuriku.com.mk, а со лајк на нашата фан страна станувате дел нашето многубројно членство facebook.com/Kukuriku.mk/.


















