Оваа мајка го покажа својот чуден стомак пред и по царскиот рез

1210

Michella Meier-Morsi неодамна ги прими во своето семејство тројките Чарлс, Теодор и Габриел, откако беше подложена на царски рез во нешто повеќе од 35 недели од бременоста.

Оваа мајка од Данска, која има уште две деца, стана вирална сензација откако на Инстаграм го сподели своето трудничко патување со своите 260.000 следбеници.

Нејзиниот стомак привлече најголемо внимание на Инстаграм.

Изгледаше многу необично, на големо разочарување на некои нејзини придружници. Michella на Инстаграм објави видео на ден пред царскиот рез, на кое се гледа како стои во долна облека и бањарка и гордо го држи трудничкиот стомак во 35-та недела.

Мајката во видеото признала дека е исплашена и дека ја преплавиле емоциите поради раѓањето на три бебиња. Сега оваа млада мајка има пет деца, а нејзиното најстаро дете има 3 години.

Сепак, по, како што вели, „најлудите 36 часа“, тројките биле добредојдени на светот и се вредело за страдањата и болките. Погледнете ја галеријата за да видите како изгледа трудничкото стомаче кое привлече неверојатно внимание на Инстаграм.

Michella сподели и фотографии на кои се гледа колку кожа ѝ останала по раѓањето на тројките.