Стапиците на модерното родителство | Зошто среќата на нашите деца денес е тешко остварлива

262

Родителството е многу одговорна работа. Многумина би рекле дека е најодговорна работа на светот.

Секој родител сака неговото дете да биде среќно и да го воспитува на најдобар можен начин.

Денес улогата на родителството толку многу е променета, што често е исполнета со анксиозност. Во книжарниците има цели оддели, кои зборуваат за тоа како да се биде добар родител, што врши дополнителен притисок.

Улогите на родителите и децата се сменија

Писателката Џенифер Сениор во нејзинот говор на конференција ТЕД објаснува зошто родителството денес е толку многу тешко – родителите се под поголем притисок, отколу што биле порано, а самото задоволство во бракот често се намалува. Зошто е тоа така? Сениор вели дека денеска не се проблем децата, туку родителите. Улогите на мајките и татковците се сменети, но исто така и на децата.

Таа појаснува дека првата работа која се променила е тоа што децата некогаш биле дел од работната сила. Во некои делови во светот се уште се. Сепак во западниот свет улогата на дете се промени. Порано родителите на децата им давале облека, храна и покрив над главата, додека тие за возврат им помагале на родители и работеле. Често пати во филмовите сме гледале како децата порано работеле на нива или продавале весници на улица.

Кога децата престанале да работат, вели Сениор, тие станале економски безвредни, но емоционално непроценливи. Секој родител денес сака да го подготви детето за иднината, а училиштето притоа не е доволно, ги запишуваат на разни вонучилишни активности како фудбал, музика, странски јазици…

Таа нагласува дека притоа родителите сами себе си си задаваат повеќе работа, затоа што и тие мораат да бидат вклучени во сето тоа, да ги носат на тренинг, да им ги прегледуваат домашните задачи…

Продолжува на страна 2