Стапиците на модерното родителство | Зошто среќата на нашите деца денес е тешко остварлива

1787
  • Модерното родителство навистина е тешко, затоа што секој родител сака да го подготви детето за она што доаѓа. И тука се јавува проблем. Времињата многу брзо се менуваат што ниту еден родител не може да знае како светот ќе изгледа кога нивното дете ќе порасне. Ако не правиме се што е можно имаме чувство дека не правиме ништо, објаснува Сениор.

Друга причина зошто денес родителството е исполнето со толку многу анксиозност, додава таа, е тоа што  улогата на родителите се променила, поточно, улогата на мајката и таткото.

  • Денес мајките поминуаат многу повеќе време со децата, отколу што тоа го правеле во 60-тите години, кога поголем број жени не биле во работен однос. Биле поставени некои норми за родителите  – мажот заработува, додека жената се грижи за децата и домаќинството. Денес, кога двајцата родители заработуваат, такви норми повеќе не постојат и токму тоа често доведува до конфликти меѓу брачните другари, објаснува таа.

Жените се пооптоварени од порано. Имале само за задача да се грижат само околу домаќинството и семејството, денес и покрај сето тоа мораат и да работат. Да тоа доведе до поголема способност на жената за мултитаскинг, но тие воедно се и под поголем стрес. Мажите не се способни за таков мултитаскинг дома, вели Сениор.

  • Без оглед на тоа и улогата на мажот во семејството се промени. Денес мажот поминува повеќе време со детето, отколку што нивните татковци поминувале со нив, а и помагаат и во домот за што секоја жена е благодарна, додава таа.

Среќата на детето е недостижна цел

Без оглед на улогите и изменетите норми на родителството, секој родител ќе рече дека најважна цел е детето да биде среќно.

  • Иако среќата е убава цел за детето, таа е недостижна, рече Сениор и додаде дека среќата е нешто што ќе дојде како резултат на други работи, но не е и добра цел.
  • Надобро што може родителот да направи е да го научи детето да биде продуктивно и морално, а среќата ќе дојде како резултат на тоа, заклучува Џенифер Сениор.