“Нова ера” во борбата против ракот со нова имунотерапија

1438

Ново исклучително успешно лекување на рак, претставено на научна конференција во Чикаго, беше дефинитивно како “нова ера” во борбата со болеста.

Имунотерапија ја блокира способноста на клетките на ракот да се “кријат” од имунолошкиот систем и ги вооружува во борбата со нив.

Терапијата е толку успешна што во едно од спроведените клинички испитувања речиси 60% од пациентите со напреднат стадиум на меланом се подобрија драматично, а туморите се намалиле или биле донесени под контрола.

Дел од пациентите, сепак, добиле несакани ефекти, вкл. осип, пролив и исцрпеност кои допрва ќе бидат проучувани.

Експертите се исклучително охрабрени и веќе зборуваат за “нова парадигма” во лекувањето на ракот.

Тие сметаат дека имунотерапијата може да ја замени хемотерапијата до пет години и ќе се претвори во стандарден метод за третман на онколошки болести.

Ефектот на терапијата се должи на нова моќна комбинација од лекови (ipilimumab и nivolumab). Претходните третмани само со првиот лек имаат постигнато многу понизок резултат на подобрување – само меѓу 19% од пациентите.

Ефектот на контракција или стабилизирање на туморот продолжил во просек два и пол месеци, додека кај новото истражување овој период е единаесет и пол месеци.

Досега научниците не ја набљудувале успешноста, која ги засега над половина од пациентите.

Забелешка: Преземањето на оваа содржина е дозволено само ако го наведете изворот со задолжително линкување на нашиот домен и оригиналната статија!

Доколку сакате да прочитате повеќе содржини како оваа, препорачуваме да го посетите нашиот портал www.kukuriku.com.mk, а со лајк на нашата фан страна станувате дел нашето многубројно членство facebook.com/Kukuriku.mk/.