БРЗИ ФАКТИ
- COVID – 19 се пренесува преку капки што излегуваат од устата и носот кога кашлате или издишувате.
- COVID – 19не е сексуално пренослива инфекција, сепак, може да се пренесе преку бакнување и близок контакт, вклучително и секс.
- Ако вие или партнерот имате симптоми на COVID – 19, не би требало да се бакнувате или да имате секс.
- Постојат многу начини за сексуално задоволство без физички контакт – обидете се да се забавувате со осамена мастурбација, секс играчки и секс преку телефон или веб-камера.
- Ако немате симптоми, во ред е да имате секс со партнерот со кој живеете.
- Ако одлучите да имате секс со некој кој не живее со вас, тогаш треба да преземете мерки на претпазливост за да го намалите ризикот од ширење на КОВИД -19.
- Сексуалните здравствени услуги – вклучително планирање на семејство, контрацепција и профилакса пред изложеност PrEP – може да бидат нарушени од влијанието на COVID – 19. За повеќе информации контактирајте го вашиот матичен лекар.
Дали COVID-19 се пренесува сексуално?
Врз основа на тековните докази, коронавирусот – вирусот кој ја предизвикува болеста COVID-19 – не е присутен во сексуалните течности кај инфицираните. Ова значи дека вирусот не се пренесува преку сексуалните течности, без разлика дали станува збор за вагинален или анален однос.
Сепак, коронавирусот се пренесува преку контакт со капки од носот и устата, вклучително и плунката на заразеното лице, што може да се случи преку близок контакт со другите. Ова значи дека постои значителен ризик од пренесување на COVID-19 преку бакнување и физички допир ако едно лице го има вирусот. Исто така, постојат докази дека вирусот е присутен во изметот (фекалии), така што лижењето околу аналните области може да биде начин на кој се пренесува вирусот.
Дознајте повеќе! ⇓
Може ли да имам секс за време на пандемијата COVID-19?
⇓
Забелешка: Преземањето на оваа содржина е дозволено само ако го наведете изворот со задолжително линкување на нашиот домен и оригиналната статија!
Доколку сакате да прочитате повеќе содржини како оваа, препорачуваме да го посетите нашиот портал www.kukuriku.com.mk, а со лајк на нашата фан страна станувате дел нашето многубројно членство facebook.com/Kukuriku.mk/.
Продолжува на страна 2



















