Индиски фармацевт починал откако зел „лек“ против корона што самиот го направил, а неговиот шеф, кој исто така ја испробал подготовката, завршил во болница поради труење.
К. Сиванесан (47) работел во компанија која се занимава со фитотерапија, пренесува „Хинди“.
Тој, откако истражувал на интернет, отишол на пазар и купил состојки од кои направил препарат, објави полицијата од градот Ченаи, каде се случил инцидентот.
Подготовката во прав прв пат го пробал неговиот шеф, кој веднаш се онесвестил. Сиванесан потоа го разредил прашокот со вода и го испишл.
Фармацевтот починал на местото на настанот, додека неговиот шеф, кој по професија е офталмолог, завршил во болница.
Ayurvedic pharmacist dies after drinking his own concoction to cure corona https://t.co/ACO8rc0hfW
— suhasini raj (@suhasiniraj) May 9, 2020