10 работи кои ги знае само немажена жена во средни години!

1142

Немажените жени во средните години се соочуваат со целосно банални осуди на околината, но, исто така, и со неверојатни прашања. Штом ја преминуваат триесеттата, а не се во брак, нивниот живот станува “јавна сопственост” на сите нивни пријатели.

Со неверојатна брзина сите се обидуваат да им пронајдат некој и не прифаќаат “не” како одговор!

Освен ако не е геј, оженет или мртов …

Мора да се излезе со тој човек на средба, бидејќи пријателите веднаш ќе ве залепат налепница како “пребирлива” и неверојатно “тешка”. Што ако е убиец / зависник од дрога / бивш осуденик или, не дај боже, перверзњак? “Тоа се само мали нешта, луѓето се менуваат …”, ќе речат тие самоуверено.

Мажена жена секогаш ќе ве стави во една од двете групи – во сироти или опасни немажени жени

Оваа способност ја немаат женетите мажи, туку само нивните жени. Во друштво секогаш ќе седите до мажена жена која ќе процени дали сте опасна или, едноставно, “сирота, па досега не се омажила.” А нема и да заборават да ви го постават тоа вечно прашање: “Зошто досега не се омажи? Што чекаш? Зар од толку мажи нема некој асален за тебе?”

Ако бркаш маж, тоа задолжително значи дека тој бега од тебе

Дали се сеќавате на старата изрека: “По маж и автобус никогаш не се трча!” Па, тоа е вистината. Ако не ви се јавил, а требало да се јави, причекајте уште малку. Ако не ви одговорил, дури тогаш – ништо! Одиме понатаму. Не ви е потребен тој човек. Крај.

Нема ништо необврзувачко кај необврзувачкиот секс

Ако веќе дошло до необврзувачки секс, се случил затоа што сте биле осамени, под дејство на алкохол или нешто трето, што е, исто толку, лошо како и ова првото. Затоа, од необврзувачкиот секс не можете да излезете како победник. После тоа, веројатно ќе бидете уште поосамени и повеќе повредени. Девојки, внимателно постапувајте со своето срце.

Кога луѓето ви кажат дека сте храбри, тоа не е комплимент

Најчесто ве нарекуваат храбра, затоа што се згрозуваат од вас. На пример, можеби сте слушнале неколку пати досега: “Ти си ужасно храбра кога живееш сама.” Односно, тие се преплашени од самотијата, од жените кои можат да ја поднесат. Веќе ве замислуваат како осамена жена со десет мачки, во нивната глава вие сте фрик.

Продолжува на страна 2