10 работи кои ги знае само немажена жена во средни години!

2766

Импресионирани сте со својата способност да не им завидувате на луѓето кои се во врска

Тоа е затоа што до сега веќе сте научиле дека немате идеја што се случува во заедница на две лица. Однадвор, тие изгледаат совршено, но она што се случува меѓу нив двајца и во нивните умови, тоа го знаат само тие.

На мажите не им е гајле за вашиот целулит

Тие не се грижат ниту за вашите брчки. Верувајте. Меѓутоа, ако имате човек кој ќе ви каже дека сте се здебелиле, имате брчки или целулит, значи дека тој е со вас затоа што сте негов трофеј – убава женичка која ќе ја покажува наоколу. Ако ситуацијата е таква, ние не мора да ви кажеме дека тој не е вистинскиот човек за вас.

Забавувањето е ноќен кошмар

За луѓето во средните години, забавувањето е страшно! Да речеме дека сте почнале активно да излегувате со мажи од деведесеттите години на минатиот век, а сега сте во позиција да излезете со некој на состанок. Па, дозволете да ви кажеме дека има многу промени оттогаш. Некогаш реченицата: “Ајде да одиме на пијачка,” тоа и значела, а денес зад неа многу нешта се кријат … Мински полиња насекаде.

Вниманието, добрината и љубезноста се заборавени

Вие не можете да верувате колку сè се сведува на секс. Колку луѓе има на пазарот и бараат некој за секс. И тогаш ќе сфатите дека и вие сте на истиот пазар и непријатно ви е. Речиси секој ден слушате од своите мажени пријателки дека со задоволство тоа би го направиле да се слободни и ве наведуваат и вие тоа да го правите – да излезете на тој пазар, дури и ако не ви е до тоа.

Прашањата и пресметките само се натрупуваат …

Ако го запознам во четириесет и втората година, а тој има да речеме 43. Се забавуваме една година, што значи би се венчале, кога ќе имам 43 … а дали ќе успеам да родам дете со 44? Што ако тој не е за деца? Што ако тој не може да “издржи” во кревет, бидејќи сепак и тој е блиску до педесеттата? Што ако има деца од првиот брак? Дали јас станав очајна или паметна? А што ако тој никогаш не се појави? Дали сите ќе мислат дека сум лезбејка, ако никогаш не се омажам?