Албанија – „рајска градина“ за одгледување егзотично овошје за европскиот пазар

678

Албанија има доволен капацитет да ги задоволи барањата на европскиот пазар и би можела да генерира промет од 100 до 200 милиони евра годишно со извоз на егзотично овошје.

Маракуја, guava, питаја или kiwano – климатските промени ги охрабрија албанските земјоделци да почнат да одгледуваат егзотично овошје што имаат намера да го продадат или веќе го продаваат на европскиот пазар.

Малата фарма на искусниот агроном Irakli Shkoza, сместена недалеку од морето во централниот дел на Албанија, е еден вид рајска градина што цвета на јадранското сонце.

Со оглед на температурите на воздухот што се зголемуваат секоја година, Shkoza ја смисли идејата за диверзификација во 2019 година – проширување на економската активност на поголем број производи или услуги, проширување на асортиманот и продажбата на производи, во време кога другите негови врсници одамна би биле пензионирани.

Овој 75-годишник прво донел семе од егзотични растенија од Африка и Америка и ги засадил на својата парцела од два хектари.

Многу брзо сите тие се прилагодиле многу добро на топлата локална клима. Треба да се напомене дека регионот Дивјака, сместен помеѓу малку ридесто земјоделско земјиште и морето, некогаш било житница на Албанија, а земјоделците денес таму одгледуваат зеленчук и лубеници за локалниот пазар и за извоз.

Планета што се загрева

Но, растечките температури и недостигот на работници, исто така, го зедоа својот данок врз фармите. Малата балканска нација од 2,7 милиони жители изгуби 400.000 работоспособни луѓе за само десет години.

Shkoza истакнува дека „егзотичните овошја бараат помалку вода и помалку работа за одржување, што ги намалува трошоците за производство“.

И типичната медитеранска клима на Албанија, карактеризирана со топли и суви лета и благи зими, се промени поради глобалното затоплување.

Се предвидува дека просечните температури во Западен Балкан ќе се зголемат помеѓу 3,5°C и 8,8°C до крајот на векот, а податоците се базираат на студија од 2022 година – под претпоставка дека ќе продолжат умерените до високи емисии на стакленички гасови.

Топлинските бранови „веројатно ќе ги оштетат приносите на земјоделските култури, особено во Албанија, каде што просечните летни температури се највисоки“, велат истражувачите Daniel Muller и Max Hofmann од Институтот Leibniz за развој на земјоделството во економиите во транзиција. Во 2020 година, земјоделството, шумарството и рибарството учествувале со 19% во бруто домашниот производ на Албанија.

Но, климатските промени не мора да бидат целосна катастрофа, ако се прилагодиме на нив и ги користиме, Shkoza е оптимист.

Албанските земјоделци мора да почнат да произведуваат многу повеќе егзотично овошје за да профитираат од нивната поволна клима, според еден агроном.

Ова овошје е многу барано на европскиот пазар, но сите знаеме дека доаѓа од далеку – од Латинска Америка, Југоисточна Азија, Нов Зеланд или Австралија, а транспортот до европските земји има своја финансиска цена, но и друга што треба да се плати, а тоа е свежината на производот.

  • Доколку гореспоменатото овошје дојде од Албанија, тоа не само што ќе е поевтино, туку и посвежо, вели агрономот Altin Hila.

Папаите што се нудат на европските пазари се берат на други континенти додека се уште зелени, а потоа пристигнуваат во Европа каде што вештачки зреат, додава Vasil Nikolovski, менаџер за производство од Северна Македонија, кој работи во Дивјака веќе неколку години.

  • Тој вели дека сите наведени овошја „можат да зреат на дрвја тука. Албанија има доволен капацитет да ги задоволи барањата на европскиот пазар, а со извоз на егзотично овошје, би можела да постигне промет од 100 до 200 милиони евра годишно“.

Богата жетва

Shkoza веќе извезува папаја, маракуја и пепино овошје од Латинска Америка на европските пазари. Заедно со други земјоделци од регионот Дивјаке, тој неодамна испратил 30 тони kiwano на хрватскиот пазар.

Се чини дека овогодишната жетва ќе биде богата, рече тој, гледајќи ги пупките на цветовите кивано.

Земјоделецот Lulzim Bullari го следи примерот на Shkoza и почнал да одгледува киви 55 км западно, во близина на Елбасан.

Не треба да се жалиме на високите температури, бидејќи производството на киви во последните две години е вистински благослов за нас, изјави тој за AFP, додавајќи дека го одгледува овошјето речиси исклучиво за извоз во Швајцарија и Холандија.

Неодамна, Bullari почнал да одгледува и смокви од Северна Африка на околу 15 хектари, кои се многу отпорни на благи зими.

Среќата ги следи храбрите и мора да потрчате за да ја фатите, заклучи тој.