Драг тато еден ден некој ќе ме нарече „ку*ва“ – видео кое трогна милиони | Видео

244

Драг тато, еден ден некој ќе ме нарече ку*ва, вели 14-годишно девојче на видеото, кое трогна милиони луѓе во светот. 

Моќта на зборот е често пати мошне потценувана. Со цел да илустрира колку големо може да биде неговото влијание норвешката добротворна организација за заштита на правата на жените CARE неодамна го објави ова видео.

Видеоснимката покажува дека зборот што често пати почнува како шега, може да биде многу поболен и да има многу подлабоко влијание врз човечката психа, отколку што мислиме.

Дали да се родиш како девојче е најопасното нешто на светот?

Оваа видео-снимка веќе е видена од милиони луѓе во светот и нејзината порака е мошне важна, особено за машката популација.