Што им се врти во глава на мажите додека имаат секс

748

Повеќето мажи за време на сексот или не размислуваат или се мачат со серија прашања кои немаат премногу врска со сексуалното задоволство. Еве шест мисли кои често ги мачат мажите за време на сексот.

“Како стасав до овде?”

  • Во моментот на триумфот некои мажи ќе се обидат да дознаат што беше речено или сторено во последните 24 часа додека тие стасале таму каде што се. Бидејќи, ако би можеле да најдат врски/линкови тоа значи дека конечно би имале сигурна тактика која поминува секој пат.

“Ми пречи екстазата кога сум долу, агонија додека сум горе”

  • Можеби е мрзлив и не е во форма. Во овој случај, полесно ќе се релаксира ако тој е долу, а жената горе. Кога некои мажи се премногу горе, може да се чувствуваат како да вежбаат јога. “Не можам повеќе да издржам во оваа поза”, на мажите ова понекогаш им поминува низ главата за време на сексот.

“Не свршувај, но остани тврд!

  • Плашејќи се да не свршат пребрзо, многу мажи размислуваат за било што само за да ги одвлечат мислите од преголема страст. И тука доаѓа до проблемот. Тоа е деликатна ситуација, бидејќи заради некои мисли би можеле да останат без ерекција, а губиток на ерекцијата е комплетна катастрофа.

“Мора да запомнам што мојата партнерка сака, а што не”

  • Некои мажи внимателно ги набљудуваат реакциите на партнерката. Можеби сака некои одредени работи за време на сексот и сакаат да ги запаметат и сочуваат некаде во главата. Исто така се обидуваат да регистрираат и она што не ѝ се допаѓа за да не го повторат. Метод на обиди и грешки.

“Трае ли ова предолго?

  • Сексот што трае премногу може да изгледа чудно како продолжен говор на пијаниот кумот на свадба. Ако трае премногу долго мажот ќе се праша дали на партнерката ѝ е доволно, а ако трае премногу кратко ќе му биде непријатно и ќе биде сигурен дека таа не е пресреќна поради тоа.

“Ова дефинитивно не е добар чекор, ние мора да се ускладиме”

  • И покрај тоа што мажот е можеби вешт на танцовиот подиум, може да се случи дека во кревет тој и партнерката не можат да воспостават соодветен ритам. Тоа може да биде фрустрирачки.