Еве како се однесува пијан хороскопски знак

1873

Додека некои знаци се срцето и душата на сите забави, особено кога се пијани, други се повеќе склони кон меланхолија, плачење или повраќање.

Во продолжение проверете во која категорија спаѓате вие.

Овен

Овенот е огнен знак кој се смета за забавен алкохоличар. Нивната експлозивна природа ќе ја направи секоја забава барем двојно подобра и позабавна. Кога ќе се опијанат, Овните не се толку несмасни, но следното утро често не се сеќаваат на ништо што сториле додека биле под дејство на алкохол.

Бик

Биковите сакаат да јадат кога се пијани и се однесуваат сосема поинаку во споредба со тоа кога се трезни. Пијаните Бикови сакаат да се гушкаат и да разменуваат нежности со партнерот, но кога алкохолот ќе престане да функционира, тие повторно почнуваат да се преправаат дека недопирливи.

Близнаци

Близнаците премногу размислуваат и затоа сакаат да пијат бидејќи само така можат да ги свртат мислите од секојдневните грижи и обврски. По неколку чаши алкохол, овие хороскопски знаци едноставно не знаат како да престанат да зборуваат.

Рак

Раковите честопати ја напуштаат забавата во солзи, а причината за тоа е што алкохолот ја исфрла на површина нивната емотивна страна. Многу пати се случува да не знаат ни да си објаснат самите на себе зошто плачеле. Едноставно им „доаѓа“.

Забелешка: Преземањето на оваа содржина е дозволено само ако го наведете изворот со задолжително линкување на нашиот домен и оригиналната статија!

Доколку сакате да прочитате повеќе содржини како оваа, препорачуваме да го посетите нашиот портал www.kukuriku.com.mk, а со лајк на нашата фан страна станувате дел нашето многубројно членство facebook.com/Kukuriku.mk/.

Продолжува на страна 2