Семејството е најважно од сѐ ! Позитивна мисла

79

Прочитајте и споделете со оние кои ги сакате, споделете со вашето семејство, со оние кои ви се блиски, а ги сметате за семејство, споделете со сите!

Ви ги претставуваме најубавите цитати за семејната љубов.

„Најважното нешто на светот се семејството и љубовта“, Џон Вуден.

„Среќното семејство е рај во кој ќе пристигнете порано“, Џорџ Бернанрд Шо.

„Многу нешта можат да не променат, но почнуваме и завршуваме со семејството“, Ентони Брент.

„Семејството е ремек-дело на природата“, Џорџ Сантајана

„Се движите низ животот прашувајќи се всушност за што се работи, но на крајот сфаќате дека се е во семејството“, Род Стјуарт.

„Семејството не можете да го бирате. Тоа е божји подарок за вас, како што и вие сте божји подарок за нив“, Десмонд Туту.

„Семејството е компас кој не води. Инспирација да ги достигнеме незамисливите висини и утеха кога повремено ќе паднеме“, Бред Хенри.

„Семејството не е важно, семејството е сѐ!“. Мајкл Џеј Фокс.

„Семејството е врска со минатото и мост кон иднината“, Алекс Хејли.

„Семејството значи дека никој нема да биде оставен и заборавен“, Џорџ Бернард Шо.

„Семејството е појас за спасување кога сте на сред океан и на сред невреме“, Џеј Кеј Роулинг.

„Силата на семејството, како и силата на војската, се темели на лојалноста на нејзините членови“, Марио Пузо.