Дознајте кои се симптомите на згрутчување на крвта, а чии последици можат да бидат дури и фатални.
Луѓето кои се опоравиле од корона вирусот, а најголем дел од човештвото, често се изложени на ризик од зголемено згрутчување на крвта.
Овој симптом се јавува дури и кога ковидот одамна го напуштил телото, а експертите откриле предупредувачки симптоми кои треба да ве поттикнат да ја проверите крвта.
Знаците се особено забележливи кај постарите лица, кои во исто време се и поранливи кога станува збор за развој на тешки последици од закрепнувањето од корона.
Симптоми на згрутчување на крвта
Хематологот ги наведе симптомите кои укажуваат на густа крв кај постарите лица. Според неа, тоа може да биде главоболка и трнење во прстите, како и вртоглавица.
Ако ги почувствувате овие симптоми, најдобро би било да направите Д-димер кој ќе покаже дали крвта е погуста отколку што треба и дали постои причина за загриженост.
Лабораториските техничари веќе можат да видат дали има проблем при земање крв, бидејќи многу потешко ќе „тече“ низ иглата.
Ризик од згрутчување на крвта
А зошто поголемата густина на крвта е опасна по здравјето, објаснува хематологот.
Густата крв е опасна бидејќи го забавува протокот на крвта. Така, микроциркулацијата во малите садови на виталните органи е нарушена, вклучувајќи го срцето, мозокот, бубрезите и белите дробови. Како резултат на зголемена густина на крвта, може да дојде до тромбоза, срцев или мозочен удар.
Кога се консултирате со лекар, се пропишува коагулограм, кој помага да се процени згрутчувањето на крвта.
Забелешка: Преземањето на оваа содржина е дозволено само ако го наведете изворот со задолжително линкување на нашиот домен и оригиналната статија!
Доколку сакате да прочитате повеќе содржини како оваа, препорачуваме да го посетите нашиот портал www.kukuriku.com.mk, а со лајк на нашата фан страна станувате дел нашето многубројно членство facebook.com/Kukuriku.mk/.



















