На човештвото му се заканува колапс | Со помош на компјутери добиле страшно точно ’пророштво’ и за жал сега се остварува

1228

Моделот кој го предвидува крајот на светот поради недостаток на ресурси за прв пат е направен во 1972 година.

Оттогаш, студиите само ги потврдуваат неговите ужасни предвидувања.

Уште во 1970-тите, научниците користеле компјутерско моделирање за да предвидат кога ќе започне падот на општеството, а според нивните наоди, можеби нема да сакате да правите никакви долгорочни планови.

“Граница на растот”

Научниците од Massachusetts Institute of Technology (MIT) набљудувале примероци на податоци од различни фактори, како што се населението, природните ресурси и потрошувачката на енергија, за да откријат кога ќе доживееме целосен социјален колапс.

Заклучокот е дека колапсот на општеството започнува во средината на 21 век – поточно во 2040 година.

Тимска студија, објавена од Римскиот клуб, ги идентификува претстојните „граници на раст“ кои би предизвикале индустриски колапс. Меѓутоа, тогаш извештајот не бил сфатен премногу сериозно, згора на тоа, предизвикал потсмев, пренесува Lad Bible.

Но, во 2009 година, друг тим на истражувачи спровел слична студија, објавена од American Scientist, и заклучи дека резултатите од моделот ги следат овие предвидувања дури 35 години подоцна (со неколку соодветни претпоставки).

Тие истакнуваат дека “важно е да се признае дека предвидувањата не се откажани и дека тие всушност изгледаат доста точни. Не знаеме ниту еден модел направен од економисти кој би бил толку точен за толку долг временски период”, заклучуваат тие.

Мрачните предвидувања само се потврдуваат

И минатата година, холандскиот истражувач за одржливост Gaya Herrington, исто така, ги потврди мрачните предвидувања во студијата.

Зборувајќи за Guardian, Herrington, која работи во мултинационалната сметководствена фирма KPMG, рече:

„Од истражувачка перспектива, мислев дека проверката на податоците од децениски модел наспроти емпириските набљудувања ќе биде интересна вежба. А резултатите се мрачни, вели Herrington.

“Сè уште имаме избор”

Сегашните податоци се целосно во согласност со прогнозите од 1972 година, кои имаа полошо сценарио за стопирање на економскиот раст на крајот на оваа деценија и колапс околу 10 години подоцна.

Сепак, Herrington има малку оптимистички вести. Таа за Guardian изјави:

„Клучниот наод на мојата студија е дека сè уште имаме избор – да се свртиме кон сценарио кое не завршува со колапс“, вели таа. „Заедно со деловните иновации, заедно со новите случувања во владите и граѓанското општество, продолжувањето на ажурирањето на моделот дава друга перспектива за предизвиците и можностите што ги имаме за да создадеме поодржлив свет.