2. Експериментите на Mengele


Можеби најозлогласените експерименти на сите времиња биле оние што ги спровел Josef Mengele, познат и како „ангел на смртта“, лекар на SS во Auschwitz за време на Холокаустот.
Mengele во возовите на логорашите барал близнаци на кои експериментирал, надевајќи се дека ќе ги докаже своите теории за расната надмоќ на Ариевците. Многумина загинале во тој процес.
Тој, исто така, ги собрал очите на своите мртви „пациенти“, според Меморијалниот музеј на холокаустот на САД. Нацистите ги користеле затвореници за тестирање на лекување на заразни болести и хемиска војна.
Други биле принудени во ниски температури и комори со низок притисок за воздухопловни експерименти.

Безброј затвореници биле подложени на експериментални процедури за стерилизација. На една жена, Ruth Elias, и ги врзале градите со конец за да им се овозможи на лекарите од SS да проучат колку време е потребно за едно новороденче да умре од глад.
На крајот, една медицинска сестра му вбризгла на детето смртоносна доза морфиум за да не страда долго.
Некои од лекарите одговорни за тие злосторства подоцна биле судени како воени злосторници, но Mengele побегнал во Јужна Америка. Починал во Бразил во 1979 година од срцев удар.
Продолжува на страна 3


















