Прељуба | Лизгање по скали и паѓање

173
La confessione, 1838 (Fondazione Cariplo), Giuseppe Molteni

На стариот свештеник му здодеало на неговите верници постојано да им простува за гревот прељуба, а самиот збор „прељуба“ не му бил нешто драг. Една вечер пред миса им се обратил:

– Ако повторно слушнам дека некој извршил прељуба, барајте си нов свештеник. Ве молам, воздржете се од тие нечесни дела, а во меѓувреме ќе го замениме зборот „прељуба“ со „лизгање по скали и паѓање“.

Бидејќи сожителите многу го сакале стариот свештеник, го прифатиле неговиот предлог и се придржувале на договорот.

Еден ден стариот свештеник се разболел и умрел, а на негово место дошол еден млад свештеник.

По дваесетина дена, младиот свештеник го посетил градоначалникот и му рекол:

– „Градоначалниче, мора нешто да направите со скалите, жителите на секоја исповед постојано се жалат на нив “.

Градоначалникот почнал да се смее, сфаќајќи дека никој не му кажал на младиот свештеник за договорот помеѓу жителите и стариот свештеник.
Во миг сè да му објасни на младиот свештеник, тој навредливо станал од столот и му се обратил на градоначалникот:

“Не знам зошто ви е тоа толку смешно градоначалниче. Воопшто не ви е грижа за вашите сограѓани, па дури и за вашата сопруга. Таа, исто така, оваа недела се лизнала и паднала двапати!”

La confessione, 1838 (Fondazione Cariplo), Giuseppe Molteni