Создадена е алтернативна пластика која не се произведува од сурова нафта

738
Новата пластика со супер лепак е многу полесна за рециклирање отколку онаа пластика што се користи за правење многу предмети за еднократна употреба како прибор за јадење. Allison Christy, CC BY-ND

Колку и да се обидуваме да ја рециклираме пластиката, едноставно е поевтино да ја репродуцираме, а тоа резултира со незамисливи количини пластичен отпад, кој завршува на депониите и ги загадува нашите океани.

Светската зависност од пластиката е ужасна, но научниците сега можеби конечно ќе имаат вистинско алтернативно решение.

Откако пластиката е во употреба, создаден е повеќе од 6 милијарди тони неразградлив пластичен отпад, кој наместо тоа се распаѓа само на помали и помали парчиња, додека во исто време само помалку од 10 проценти од таа пластика е рециклирана, додека во исто време само помалку од 10 отсто од таа пластика досега е рециклирана. Покрај тоа што е неверојатно расипничко, производството на нова пластика користи почетни материјали добиени од фосилни горива кои всушност треба да останат во земјата доколку сакаме да спречиме понатамошни климатски промени.

Нов пробив во решавањето на проблемот со пластиката?

Двајца научници за материјали од Boise State University in the US, Allison Christy и Scott Phillips, надевајќи се дека ќе направат пробив во намалувањето на проблемот со пластиката, штотуку развиле нов вид пластика која, за разлика од постоечката пластика, не е направена од сурова нафта и нејзините деривати. Покрај тоа, малите лабораториски експерименти кои ги повторуваат индустриските процеси сугерираат дека приближно 93 проценти од обичната пластика може да се рециклира во чисти почетни материјали, дури и кога пластиката се меша со друг необработен пластичен отпад, хартија и алуминиум.

Во нивното истражување, објавено во списанието Science Advances, Christy и Phillips го опишуваат создавањето на нов вид пластика врз основа на полиетилен цијаноакрилат, или PECA, кој се подготвува од мономерот што се користи за производство на супер лепак. Како и сите пластични полимери, новиот производ се создава преку процес на полимеризација каде што поединечните повторливи мономерни единици се споени заедно во хемиска реакција за да се направи еден долг ланец.

PECA наместо полистирен

Прибор за јадење направен од PECA. (Allison Christy/Boise State University)

Christy и Phillips сугерираат дека доколку се произведува на индустриско ниво, нивната нова PECA пластика што може да се рециклира би можела да ја замени полистиренската пластика, која не е прифатена во повеќето програми за рециклирање. Полистиренската пластика доаѓа во неколку форми: експандиран полистирен, исто така познат како стиропор, кој се користи како лесен материјал за пакување или за правење курии за пренос на храна; и термоформиран полистирен, кој се користи за производство на чинии, чаши и прибор за јадење за еднократна употреба.

Иако би било одлично да се заменат овие производи со алтернатива која лесно може да се рециклира, полистиренот сочинува само 6 проценти од сегашниот пластичен отпад, што значи дека е мал дел од многу поголем проблем. Christy и Phillips, сепак, веруваат дека нивната нова PECA пластика на крајот би можела да понуди конкурентна алтернатива на други форми на пластика, освен полистирен.

Благодарение на одличните својства на материјалот и леснотијата на рециклирање, PECA би можел да биде корисен во други контексти освен во едноставна замена на полистирен, дополнително подобрување на степенот до кој протокот на пластичниот отпад може да се рециклира, пишуваат двајцата автори во новата студија.

Ветувачки експерименти, полесно рециклирање

Нивните првични лабораториски експерименти сугерираат дека новата PECA пластика има споредливи својства со постоечката пластика и е стабилна во топли и влажни средини. Оваа издржливост и отпорност на деградација е она што ја прави пластиката толку разноврсна, но е и причина зошто е тешко или невозможно да се уништи.

Кога станува збор за рециклирање, Christy и Phillips покажаа дека долгите полимерни синџири од PECA пластика може термички да се „скршат“ на температури од 210°C и добиените мономери да се дестилираат во чист производ за повторна употреба.

Рециклирањето на пластиката е навистина благородна стратегија, но само го намалува идното генерирање на пластичен отпад, и само, ако го потисне примарното производство на пластика. Меѓутоа, за такво нешто мора да има соодветни системи за да можат во него да се вклучат и потрошувачите.