За студијата, научниците уловиле 645 лилјаци од варовнички пештери во северниот дел на Лаос.
Научниците од Институтот Pasteur во Франција и Универзитетот во Лаос откриле вирус кај лилјаците во Лаос, кои се најблизок роднина на SARS-CoV-2, предизвикувачот на Ковид-19, според најновата студија.
За потребите на студијата, научниците фатиле 645 лилјаци од варовнички пештери во северен Лаос и ги испитувале за присуство на вирусот. Откриле три вируси наречени BANAL-52, BANAL-103 и BANAL-236 со кои биле заразени лилјаците. Се покажало дека овој коронавирус споделува повеќе од 95 проценти од вкупниот геном со вирусот SARS-CoV-2.
Еден од вирусите е речиси идентичен со вирусот што ја предизвика пандемијата
Еден од вирусите BANAL-52, 96,8% е идентичен со пандемискиот вирус, повеќе сличен од било кој друг познат вирус. Претходно познат најблизок роднина бил вирусот пронајден во потковичести лилјаци во 2013 година, кој дели 96,1% од геномот со SARS-CoV-2, објави Nature News.
Една нова студија открива дека сите три вируси можат да се врзат за рецепторите и да ги користат за да влезат во човечките клетки. Досега, другите кандидати, истакнати како потенцијални претходници на SARS-CoV-2 пронајдени во лилјаци, не биле во можност да го сторат тоа, велат научниците. Овие три вируси се врзуваат за рецепторите приближно како раните соеви на вирусот пронајдени во Вухан.
Доказ дека вирусот има природно потекло
Авторите велат дека нивните наоди ја поддржуваат хипотезата дека овој коронавирус е резултат на комбинација од вирусни секвенци што постојат во потковичестиот лилјак и се дополнителен доказ дека SARS-CoV-2 не потекнува од лабораторија, туку има природно потекло.
Иако новите вируси се тесно поврзани со причината за оваа пандемија, сите три вируси немаат низа за она што се нарекува „место на расцепување на фурин“. За подобро разбирање на потеклото на коронавирусот, потребни се дополнителни истражувања за да се утврди како и кога е воведен таканаречениот „место на расцепување на фурин“ кој се воочува кај SARS-CoV-2, кој му помага на вирусот да влезе во клетките. Наодите во моментов се разгледуваат за објавување во списанието Nature, објави Bloomberg.



















