Дали брзото јадење може да му наштети на вашето здравје?

79

Кога бевте мали, сигурно многупати ве предупредиле да не јадете брзо и да ја џвакате полека храната. Но, колку пати го применивте овој совет?

Доколку не сте посветувале внимание на тоа колку брзо јадете, сега е вистинското време да започнете да јадете полека и да уживате во храната.

Главната причина за побавно јадење се дебелината и метаболичкиот синдром, кои го зголемуваат ризикот од срцеви заболувања, дијабетес, како и мозочен удар, а не заборавајте и на другите ризични фактори кои вклучуваат висок крвен притисок и покачени триглицериди.

Освен тоа, јадењето брзо ѝ штети и на вашата фигура, бидејќи кога јадете брзо телото нема шанса да му сигнализира на мозокот дека е сито. За мозокот да добие таква информација, потребни се 20 минути.

Според едно истражување кое беше спроведено во Јапонија во период од 5 години од страна на еден кардиолог, лицата кои учествувале биле поделени во две групи: првата група јадела побавно, а втората група јадела побрзо. Резултатите покажале дека пребрзото јадење може да го зголеми ризикот од развој на метаболички симптоми и било поврзано со зголемување на тежината и метаболичкиот синдром, а исто така и со бавно варење на храната.

За разлика од брзото јадење, бавното џвакање на храната помага во разложување на храната, го олеснува голтањето, вашите црева полесно ги апсорбираат хранливите материи и го подобрува процесот на варење на храната.

Меѓутоа, да погледнеме и од страната на задоволството и уживањето. Како повеќе би уживале во храната која ја внесувате? Јадејќи брзо или јадејќи полека, апсорбирајќи го секок вкус, секоја состојка што ја има храната. Мозокот, исто така е вклучен и во овој процес и добива сигнализација на чувство на задоволство преку интеракцијата на хормонот лептин и невротрансмитерот допамин.

Храната треба да се почитува и во неа треба да се ужива. Затоа пробајте ги овие совети уште денес:

1.Истражувањата покажуваат дека колку повеќе пати ја џвакате храната, толку повеќе го намалувате ризикот од дебелина.
2.Забавете го јадењето претворајќи го во вежба за размислување. Оставете го телефонот, исклучете го телевизорот и не се обидувајте работите додека јадете. Уживајте, опуштете се, барем додека јадете и заблагодарете се за храната што ја имате пред себе.
3.Секогаш јадете во седечка позиција. Не се обидувајте да јадете во движење, бидејќи токму ова ќе му помогне на вашиот организам подобро да ја свари храната.
4.Не јадете преголеми залаци.
5.Не се прејадувајте со степен да не можете да дишете.