Суштество со бизарен изглед пронајдено мртво | Луѓето не можат да дојадат при себе, па погледнете на што личи!

3670

Останаа зачудени кога извадиле морничаво суштество слично на ајкула од морето, што ги потсетило на свиња.

Овој „мутант“ е всушност исклучително ретка свинска ајкула која е строго заштитена

Во морето во близина на пристаништето Darsen Medice во градот Portoferraio на италијанскиот остров Елба, морнарите забележале морничаво суштество кое буквално ги исплашило. Кога го извлекле на брегот, сѐ уште не можеле да се приберат од шокот – пред нив имале нешто како ајкула, но со лице кое потсетува на свиња.

Иако збунетите морнарите прво мислеле дека гледаат некој бизарен вид на мутант, но животното брзо било идентификувано како многу ретка свинска ајкула (Angular roughshark – Oxynotus centrina), објави Live Science.

Тоа е вид што ретко се гледа и е наведен како загрозен на „црвената листа“ на IUCN. Фотографиите од споменатата ајкула станаа вистински хит на социјалните мрежи, а Yuri Tiberto од аквариумот Elba за локалните медиуми изјави дека, иако многу ретко, сепак не е невозможно да се види свинска ајкула во локалните води.

Видот е загрозен

„Ја нарекуваат и свинска риба затоа што испушта звуци, нешто како свиња, кога ќе се извлече на брегот … Во морето на тосканскиот архипелаг, кој има толку богата биолошка разновидност, не е невообичаено да се најде ова суштество. Можам со сигурност да кажам дека често добивам извештаи за свински риби кои завршиле во локални рибарски мрежи. Се обидов да задржам некоја овде во аквариумот, но наскоро се откажав бидејќи видов дека тоа е вид што едноставно не се прилагодува на заробеништво“, рече Yuri.

Може да се препознае по неговата широка, срамнета глава и дебела, тапа муцка, а расте до 150 сантиметри во должина. Овој вид ајкула живее во источниот Атлантски Океан и Медитеранот на длабочина од 100 до 700 метри, и сѐ повеќе гостува во Јадранот, каде што е строго заштитена.