Ќе му плати проститутка на сопругот, затоа што не сака секс со него | Видео

553

Сара Колинс (46) од Велика Британија признала дека сексот меѓу неа и нејзиниот сопруг Грејем Годен (47) престанал откако добиле деца и дека сега повеќе не спијат заедно на ист кревет.

Во емисијата на британската утринска програма “This Morning”, таа си ја отворила душата и рекла дека таа и Грејем имале редовен сексуален однос, но дека и двајцата го загубиле интересирањето откако станале родители на трите деца: Ели (15), Џуд (11) и Џејк (7).

– Имав голем број на абортуси, па кога забременив, Грејем не сакаше да ме допира поради безбедносни причини. Потоа, кога почнав да дојам, сметаше дека е несоодветно да имаме секс“, раскажала Сара.

После тоа, сè поретко имале секс, за на крајот целосно да престанат да спијат заедно и дури се префрлиле во одвоени спални соби, бидејќи како што рекла Сара, и двајцата многу `рчат.

Таа работи како тренер на децата за изборите за убавина каде што редовно ги испраќа и истакнува дека сексот не ѝ е „првата работа на ум“, но дека и понатаму ѝ се допаѓа нејзиниот сопруг. Тој пак вели :

– Помина периодот од животот кога ми беше грижа околу тоа, повеќе не се ни трудам да прашувам.“

Но, сепак, тој нема потреба за грижа, бидејќи врз основа на изјавата од неговата сопруга, таа смета дека е во ред и ако Грејем ја изневери, бидејќи имаат „отворен однос и договор дека таквите работи се во ред“.