Генетскиот инженеринг со револуционерен лек против ракот

150

Лекувањето на ракот можеби влезе во нова фаза. BBC објави за нов експеримент, за кој постои веројатност дека ќе биде револуционерен во лекувањето на туморските заболувања.

Податоците од истражувањето се уште не се доволни, но експертите имаат надеж. Станува збор за лекување на рак преку сопствениот имунолошки систем.

Професорот Стенли Рид од Центарот за истражување на ракот “Фред Хaдчинсoн” во Сиетл е раководител на експериментот. Тој ги опишува најновите истражувања, кои се уште не се објавени и детално опишани. Во оваа фаза, сепак научниците имаат надеж и сметаат дека револуционерното откритие може да го преврти фундаментално лекувањето на ракот.

За целите на истражувањето професорот Рид и неговиот тим ги проучувале случаите на пациенти во терминален стадиум на рак. Овие луѓе веќе се обиделе со сите можни видови третман. Лекарите им давале неколку месеци следен живот.

Методот на професор Рид претставува изолирање на специфични крвни клетки од крвта на болниот, наречени Т-клетки убијци или цитотоксични Т-клетки . Тие играат важна улога во работата на имунолошкиот систем со тоа што ги локализираат и напаѓаат опасните агенти во телото.

Лошото кај клетките на ракот, сепак, е дека имунолошкиот систем не може да ги лоцира. Туморските клетки имаат способност да се прикриваат многу вешто, што допушта нивно проширување.

The Possibilities and Risks of Genetically Altering Immune Cells to Fight  Cancer | Science | Smithsonian Magazine

Откако Т-клетките биле изолирани со филтрирање на крвта на пациентите, тие биле репрограмирани и вратени назад. На овој начин клетките успеале да откријат и неутрализираат малигните маси.

Звучи неверојатно, но повеќе од 90% од учесниците во истражувањето поминале во ремисија по експериментот. Имајќи предвид дека лекарите им давале малку време до моментот зборува дека овој метод може да се покаже како навистина револуционерен.

Пациентите страдале од лимфобластна леукемија – вид малиген рак на крвта. Научниците сметаат дека дури и овој метод да дејствува врз рак на крвта, тоа не значи дека ќе е ефикасен при тврди туморски маси по други ткива и органи.

Колку и возбудени да се експертите, треба да се напомене дека овие податоци се уште почетни и не треба да се брза со заклучоците.