ДОБРИТЕ ЛУЃЕ НАЈЛОШО ПОМИНУВААТ!? Има и објаснување, а еве кое …

2523

Секој човек на светот има карти кои му се доделени на стартот и со тие карти мора да игра комплицирана игра наречена живот.

Доделени се по случаен избор, а среќата зависи од вашите гени, местото каде сте родени, финансиските можности на вашето семејство …

Било какви услови да одлучи животот да ви обезбеди, вие сте тие кои одлучувате дали ќе бидете жртви или оние кои преживуваат. Вие имате контрола врз изборот на тоа, дали сакате да го направите животот сладок или кисел, пишува “Нет” …

Оние кои се решаваат за сладок живот, и оние кои преживуваат, се најсилни.

“Најубавите и најдобрите луѓе што ги познаваме се оние кои го доживеале поразот, го запознале страдањето и загубата, се бореле во секое време и пронашле начин за излез од најтемните длабочини. Овие луѓе знаат да ценат, чувствителни се и имаат разбирање за другите. Животот им дал искуства кои ги наполниле со сочувство, љубезност и длабока емпатија. Пркрасните луѓе не се раѓаат такви, тие такви се создаваат”, рече Елизабет Кублерr-Рос, психијатар и автор од Швајцарија.

Љубезните луѓе носат светлина во светот, затоа што излегле од мракот

Во светот на темнината во кој се родени, љубезните луѓе со својата позитивност им го осветлуваат животот на другите. Токму ним им биле доделени “несреќните” карти како лоша фамилијарна ситуација или сиромаштија. Не само што научиле како да се успее во животот, тие научиле и како да се премине преку лошите работи и да се издигнат над нив. Ги отфрлиле своите “патерици” и некако го постигнале невозможното: потрчале и ги стигнале сите оние кои имале повеќе среќа и подобри услови.

Додека некои добиле сет убави моливи во боја, тие добиле еден обичен, на половина потрошен молив, со кој го насликале својот живот поразличен и посветол од останатите.

Љубезните луѓе ги сакаат најсилните затоа што биле најмногу повредени

Продолжува на страна 2