
Поединците кои поранешните партнери ги повредиле или ги измамиле, повеќе и подобро ќе знаат да го сакаат идниот партнер. Тие знаат како е кога нечие срце ќе пукне и како е да го залепите и поправите. Тие никогаш никому нема да го пренесат своето искуство кое самите го доживеале.
Љубезните луѓе на потежок начин научиле дека личните недостатоци се можност за раст и развој
Повеќе е од веројатно дека љубезните и мили луѓе некогаш биле песимисти. Со текот на времето, тие научиле дека од песимизам нема просперитет. Сфатиле дека секоја ствар која како тег ги влечела надолу всушност е уште една скала на патот кон остварување на сонот.
Можеби, токму тоа дека морале да се справат со брат алкохоличар ги научило на емпатија и трпение за да им помогнат на зависниците. Многу терапевти во рана возраст научиле како да се поврзат со оние кои страдаат. На тој начин, љубезните луѓе од жив песок градат патека кон успехот.
Љубезните луѓе не сакаат другите да патат онака како што тие пателе
Децата знаат да бидат сурови и да ги задеваат другите заради пегите, клемпавите уши или мозолчињата. Луѓето, кои знаат како е тоа кога некој ги измачува и злоставува, не сакаат на другите да им нанесат таква болка. Љубезноста и добрината во човекот произлегуваат од суровоста која ја доживеале.
Наместо таа агресија да ја пренесат на други, љубезното лице ќе го прекине маѓепсаниот круг и со пофалби ќе одговори на злоупотребата.
Љубезните луѓе им помагаат на другите да преживеат и да станат подобри личности
Овие луѓе можат да се справат со секоја ситуација која животот ќе одлучи да им ја подготви. Знаат дека можат да преживеат сѐ, бидејќи имаат искуство со преживување. Во трката со животот луѓето обично гледаат право напред и не се осврнуваат на другите “тркачи”. Оние вистинските љубезни меѓу нас ги бодрат своите пријатели, познаници, колеги и семејството. Ги мотивираат другите да трчаат заедно со нив, ги делат своите имагинарни шишиња со вода и енергија со сите оние кои им се во близина. Стануваат луѓе кои за другите се подготвени да сторат сé и да им помогнат кога ќе им зачкрипи, луѓе какви немале до себе, кога им било најлошо.


















