Кога сме под стрес, имаме “грч во стомакот”, кога плачеме поради тага, “се задушуваме во солзи”, а кога нешто ќе нè преплаши, “се треснеме од страв”. Емоциите се тесно поврзани со физичкото здравје, а многу болести се предизвикани од потиснување на чувствата.
– Сè оди од мислите, од кои се раѓаат емоциите, а тие дејствуваат на телото така што ја зајакнуваат работата на симпатикус или парасимпатикус. Овие два дела на автономниот нервен систем така можат да дојдат во нерамнотежа која предизвикува физичка болест – објаснува д-р. Мед. Марија Бура. Докажано е дека емоциите како што се стравот и депресијата во телото предизвикуваат значително различни хемиски реакции од оние кои предизвикуваат среќата и задоволството.
Потиснување на чувствата
Но, тоа не значи дека доброто здравје подразбира живот во совршени услови – не е толку важно што се случува околу вас колку што е важна вашата реакција на животните настани, велат експертите. Емоциите е невозможно да се контролираат, но можно е да се научиме да ги прифатиме, да ги набљудуваме и да учиме од нив. Тие покажуваат што се случува во нас и треба да ги послушаме. Сепак, емоциите не се единствената причина за болести – некои психолози тврдат дека за развојот на болеста во 75 проценти од случаите се одговорни потиснатите емоции, а остатокот отпаѓа на генетиката.
Соочувањето секогаш е најдоброто решение
Емоциите се систем за предупредувања. Тие се најсигурниот показател за она што навистина се случува во животот на човекот и го покажуваат патот кој треба да се следи, вели д-р. по психологија Морис Елиас. Иако соочувањето може да биде тешко, тоа е долгорочно најдоброто решение.
Бегството води во челустите на болеста
Игнорирањето или сузбивањето на емоциите предизвикува сериозни болести како рак, артритис, но и бројни хронични болести. Често се појавува и чувство на депресија кое уште повеќе го комплицира лекувањето и заздравувањето.
Идентификување на системот на уверувања
Продолжува на страна 2



















