РЕАКЦИИ по бруталниот традиционален масакр кој ги премина сите граници | Убиени 1428 делфини во еден ден

1174

За прв пат, локалната власт на автономниот дански архипелаг објавила дека ќе ги разгледа прописите за убивањето делфини, но засега не размислува за забрана.

Секое лето, рибарите убиваат стотици белогрли делфини на Фарските Острови, во потера позната како “grind” која локалните жители ја бранат како вкоренета традиција.

Оваа традиција секогаш предизвикува критики од странство, но никогаш порано не биле толку остри како минатата недела кога во еден ден биле убиени 1.428 делфини, толку што дури и на самиот остров почнале да ја доведуваат во прашање практиката што активистите за правата на животните ја нарекуваат сурова.

Снимката од стотици делфини нанижани во песок, некои од нив распарчени од пропелери, морето црвено од крв, ги шокира дури и најжестоките поддржувачи на традицијата и предизвикала загриженост за рибарската индустрија.

За прв пат, локалната власт на автономниот дански архипелаг објави дека ќе ги разгледа прописите за убивање на делфините, но засега не размислува за забрана.

“Никогаш не сум видел нешто слично. Ова е најголемиот улов на Фарските Острови”, рекол Jens Mortan Rasmussen, еден од рибарите, гледајќи ја сцената на масакрот.

Кланица на отворено

Рибарите се навикнати на критики, но овој пат тоа беше „малку поинаку“, рече тој за AFP.

“Извозниците на риби добиваат многу лути телефонски повици од нивните клиенти, а претставниците на индустријата за преработка на лосос сега се кренаа против риболов на делфини. Ова е прв пат”, објаснува Rasmussen.

Месото од белогрли делфини всушност го консумираат само локалните рибари, но тие се загрижени дека вестите за масакрот може да ја уништи нивната репутација, додека економијата на островот е во голема мера зависна од извозот на риба, вклучително и лососот.

Традиционално, Фарските Острови, каде живеат околу 50.000 жители, ловат белогрли делфини во ловот наречен “grindadrap” или едноставно “grind.”

Се изведува со рибарски бродови кои ги опкружуваат делфините, формирајќи полукруг и ги водат во заливот каде се насукуваат, а рибарите на брегот ги колат. Секоја година, на овој начин фаќаат околу 600 белогрли делфини.

Бранејќи ја традицијата, жителите на островот истакнуваат дека областа е богата со китови, делфини и морски цицачи воопшто, и дека ги има повеќе од 100.000, или два по глава на жител на Фарските Острови.

“Тоа е само кланица на отворено и не се разликува од затворените кланици каде месарите убиваат милиони животни низ целиот свет”, објаснува Vincent Kelner, режисер на документарниот филм за “grind”.

Месото на тие морски цицачи има историско значење за локалното население: да го немале, жителите не би преживеале.

Брутално, навредливо и незаконски

Сепак, на 12 септември, обемот на уловот многумина шокира, особено затоа што рибарите убиле екстремно големо “училиште” (како што се нарекуваат групите) на делфини.

“Бројот на цицачите кои се насукале го забави колењето кое траело многу подолго од вообичаеното”, рече Rasmussen. “Кога делфините ќе се насукаат на брегот, многу е тешко да ги вратите во морето, тие секогаш се враќаат на брегот”, објаснува тој.
Kelner истакнува дека на рибарите тоа тешко им паднало. “Ги погоди затоа што се доведува во прашање нивната професионалност”.

Додека ја бранеше практиката како одржлива, премиерот на Фарските Острови Bárður á Steig Nielsen, изјавил дека владата ќе го преиспита “ловот на морските цицачи и неговата улога во иднина за фарското општество”.

Критичарите посочуваат дека архипелагот повеќе не може да го оправда ловот со аргументот за опстанок на заедницата.

“Навредливо е што таков лов се одвива во 2021. година во многу богата заедница на која воопшто не и треба толку огромно количество месо, на крајот на краиштата, заразено”, вели Rob Read, шеф на невладината организација за заштита на морето “Sea Shepherd”.

Познато е дека високото ниво на жива е присутно во месото на делфините.

Невладините организации посочуваат дека со убивањето на овие морски цицачи се прекршиле неколку закони.

“Окружниот претпоставен воопшто не бил информиран за “grind” и затоа не го ни одобрил”, наведува здружението.

Понатаму, многу учесници во “grind” воопшто немале дозволи, а “дозволите се потребни, бидејќи за да ја добие рибар, тој мора да го научи занаетот како брзо да убие делфин”. Додека “фотографиите покажуваат дека многу делфини биле прегазени од бродските мотори, распарчени од пропелери, што значи дека биле осудени на бавна и болна смрт”.

Новинарот на локалната телевизија Hallur av Rana наведува дека огромното мнозинство жители на островот го бранат “grind” како традиција, но 53 проценти од нив се противат на убивањето делфини.