Веројатно не сте знаеле дека вашето тело може да реагира кога некој ви недостасува

1371

Излегува дека колку повеќе време поминуваме со некого, нашата ДНК станува се послична.

Гледате стари фотографии, слушате стари пораки, зјапате во вашиот телефон очекувајќи порака, тоа се само неколку работи што ги правите кога ви недостасува вашиот партнер. Менталните и емоционалните симптоми на копнеж по некого може да бидат очигледни, но дали знаевте дека и телото може да реагира кога некој толку многу ви недостасува?

Кога некој е близок со нас, ние исто така формираме емоционална блискост. Првата работа за која размислуваме кога ќе се разбудиме и последното нешто за кое мислиме кога ќе легнеме е таа блиска личност. Нема подобро чувство отколку да бидете длабоко емотивно поврзани со друга личност. Партнерот станува дел од нас и кога го нема чувствуваме дека нешто нѝ недостасува и дека не сме целосни.

Излага дека колку повеќе време поминуваме со некого, нашата ДНК станува сѐ послична. Значи, кога личноста не е со нас, не само што нѝ недостасува психолошки – таа исто така недостасува на нашата ДНК. А ова се некои од физичките знаци дека некој неизмерно нѝ недостасува:

1. Проблеми со спиењето

Се вртите во кревет и не можете да заспиете без разлика колку сте уморни. Ова е еден од најголемите телесни знаци дека ви недостасува партнерот. Една студија од Универзитетот во Флорида, од 2105. година, покажала дека мозокот кога сме осамени лачи норепинефрин. Кога тоа се случува, многу е тешко за мозокот и телото да се исклучат за да можат да се одморат. Друга студија која ја спроведе психологот од универзитетот во Јута, Lisa Diamond, открила дека паровите кои биле разделени четири до седум дена имале благи симптоми, како што се нарушувања на спиењето, како резултат на зголемување на стрес хормоните.

Забелешка: Преземањето на оваа содржина е дозволено само ако го наведете изворот со задолжително линкување на нашиот домен и оригиналната статија!

Доколку сакате да прочитате повеќе содржини како оваа, препорачуваме да го посетите нашиот портал www.kukuriku.com.mk, а со лајк на нашата фан страна станувате дел нашето многубројно членство facebook.com/Kukuriku.mk/.

Продолжува на страна 2