Веројатно не сте знаеле дека вашето тело може да реагира кога некој ви недостасува

1371

2. Болки во желудникот

Кога вашиот партнер ќе замине на подолго време, пократко или засекогаш, може да почнете да чувствувате гадење. Сосема е природно да се почувствуваат симптоми на вознемиреност, кои можат да се манифестираат со грчеви во стомакот, киселина, гадење бидејќи мозокот има најголем ефект врз здравјето на цревата.

3. Побрзо чукање на срцето и висок притисок

Друг вообичаен симптом на копнеж по некого се однесува на циркулаторниот систем. Емоционалниот стрес може да го стимулира чувството дека сте во опасност и телото се подготвува за сѐ што е потребно за да преживее. Адреналинот кој се лачи, може да предизвика побрзи отчукувања на срцето и поголем притисок.

4. Проблем со фокусот

Се обидувате да се концентрирате на решавање на работната задача или на читање. Отсуството на партнерот може да биде виновно за тоа што ништо не ви оди од рака. Ова особено се случува на почетокот на врската. Во таа фаза сме толку преокупирани со другата личност што таа станува главен фокус. Лишени од присуството на партнерот, мислиме уште повеќе за него.

Како да си помогнеме?

Постојат различни начини на кои партнерот може да нѝ недостасува, ментално, емоционално и физички. Психолозите советуваат ако вашиот партнер толку многу ви недостасува, прочитајте списание, правете работи што ги сакате и за кои сте немале време, дружете се со пријателите кои не сте ги виделе во последно време, гледајте ТВ-емисии што сте ги пропуштиле. Сосема е нормално вашиот партнер да ви недостасува, колку и да се телесните знаци непријатни, можеби ви покажуваат дека се работи за голема љубов. Ако имате симптоми на депресија или сметате дека физичките симптоми ја нарушуваат вашата способност да водите среќен и здрав живот, консултирајте се со специјалист за да најдете начини да се справите со тоа.

Забелешка: Преземањето на оваа содржина е дозволено само ако го наведете изворот со задолжително линкување на нашиот домен и оригиналната статија!

Доколку сакате да прочитате повеќе содржини како оваа, препорачуваме да го посетите нашиот портал www.kukuriku.com.mk, а со лајк на нашата фан страна станувате дел нашето многубројно членство facebook.com/Kukuriku.mk/.