Научниците се сомневаат дека црниот чај во ќесичиња е штетен

1580

Ако често пиете црн чај во ќесички, тогаш треба да размислите за вашето здравје. Германски научници открија дека пакуваето црн чај содржи опасни за луѓето материи, пишува “Росијскаја газета”. Анализирани се три евтини и три скапи сорти чај. Практично сиот истражен чај содржи најмалку четири вида пестициди.

Во еден од видовите се откриени цели десет сорти на штетните материи, иако нивната концентрација не ја надминува граничната дозволена концентрација. Во пет од шесте сорти чај е откриен антрахинон, кој се смета за опасен канцероген и е забранет во ЕУ.

Порано за штетата од чајот продискутирале британски експерти. Истражувачите од Универзитетот во Глазгов соопштуваа дека употребата на чај во големи количини влијае на машкиот организам.Особено големите количини од пијалакот придонесуваат за развојот на рак на простата жлезда. Ова е потврдено од анализата на медицинските податоци на 6 илјади мажи меѓу 21 и 75-годишна возраст.

Покажало дека повеќето од учесниците во истражувањето, кои злоупотребуваат чај, страдале од простатит.

Во одделни случаи е регистрирана појава на рак на простата. Експертите пресметале дека употребата на повеќе од 7 чаши чај на ден го зголемува ризикот од појава на болеста речиси 50%. Освен со ракот, чајот е поврзан и со отстапувања во работата на бубрезите и на гастроинтестиналниот тракт.

Забелешка: Преземањето на оваа содржина е дозволено само ако го наведете изворот со задолжително линкување на нашиот домен и оригиналната статија!

Доколку сакате да прочитате повеќе содржини како оваа, препорачуваме да го посетите нашиот портал www.kukuriku.com.mk, а со лајк на нашата фан страна станувате дел нашето многубројно членство facebook.com/Kukuriku.mk/.