
Настаните со кои не сакаат да се соочат луѓето често се решаваат така што се прават дека и не се случиле, затоа што не сакаат да ја проживуваат болката која ја носат.
Емоциите така остануваат во телото сè додека не одлучат да се соочат со нив, а оние чувства кои долго се задржуваат во телото предизвикуваат физички заболувања. Бидејќи голтањето на емоции одзема многу енергија, на телото му недостасува “гориво” за други активности. Тоа предизвикува чувство на хроничен замор, депресија и желба за осаменост. Исто така, се појавува потреба за испополнување на празнината, така што луѓето често прибегнуваат кон храна, алкохол, дрога или секс. Но, тоа сѐ се краткорочни решенија. Справувањето со трауматските настан ќе ги отстрани лошите емоции и болка.
Во ‘Ма, тоа баш и не е важно’ се крие замка
Соочете се со “незначителни” повреди, бидејќи често под маската на небитното се крие она што навистина нѐ повредило. Неразрешените проблеми ве оневозможуваат да продолжите понатаму.
Не се прејадувајте ако сте тажни, поразговарајте со некого
Обидете се да дознаете која емоција стои во позадина на потребата за прејадување, опивање или попатен сексуален однос. Посвете се на справување со потиснатите емоции, наместо да ги “лекувате” со компулсивно однесување.
Избегнување на емоциите
- Начини кои се користат за да се избегне работата на себеси и справувањето со
- емоциите често се манифестираат како различни форми на компулсивно
- однесување.
- игнорирање на емоциите
- преправање дека нешто не се случило
- прејадување
- јадење слатки и масна храна
- прекумерна употреба на алкохол
- злоупотреба на дроги
- земање лекови за смирување
- компулсивно вежбање
- било каков тип на компулсивно однесување
- претерување во сексот
- ангажирање со работа
- континуирана анализа на ситуации
- прекумерно читање или гледање телевизија
- радохоличност
- водење површни разговори
- маскирање на гневот во смиреност
Симптоми на игнорирање
Продолжува на страна 5


















