Потиснувањата на вистинските чувства човекот на крајот секогаш ги плаќа со здравје

2406

Повеќето болести се предизвикани од потиснување или игнорирање на емоциите. Се разбира, од оваа група се издвојуваат повредите и болестите предизвикани од нетолеранцијата кон различни токсини кои нè опкружуваат во воздухот што го дишеме, храната што ја јадеме и речиси од сè околу нас. Треба да се знае дека потиснуваните емоции се предизвикувачи на сериозни болести и дека на тоа треба да се работи. Можно е, се разбира, да одлучиме да се излекуваме од многу тешка болест и со систематска работа на себе тоа и да го направиме. Но, дури и малите промени во навиките позитивно ќе влијаат врз здравјето. Една од основните работи на кои треба да обрнеме внимание е исхраната, а со индивидуализираниот пристап кон исхраната и дисциплината можат многу нешта да се сменат. Понатаму, постојат различни техники за соочување со емоциите, во зависност од индивидуалноста на пациентот. На некои ќе им одговора пишувањето на дневник, а некои разговор со психологот. Многу добар метод за решавање на стресот е и јогата, бидејќи се фокусира на дишењето и со различни техники на дишење, можеме да направиме многу за нашето здравје.

Доверете му се на својот пријател

Со цел да се ослободите од потиснатата емоција, изговорете ја. Кажете му на некој (пријател, член на семејството, психолог) секој детал поврзан со настанот кој ве прогонува. Така ќе добиете поздрава перспектива на ситуацијата. Не го прераскажувајте на 100 страници, бидејќи на крајот ќе почнете да му замерувате на оној кој ве повредил.

Ослободете го незадоволството

Простувањето не е нешто што правите за некој друг туку за себе. Тоа едноставно значи дека ги ослободувате негативните емоции – ги почувствувавте, преживеавте и ги ослободивте. Меѓутоа, простувањето не значи дека лицето што те повредило сега мора да биде најдобриот пријател.

Оддалечете се од ситуацијата и емоциите

Кога сте во силна емоционална состојба, обидете се да се извлечете од ситуацијата. Тоа најлесно ќе го направите ако замислите дека ситуацијата му се случува на некој друг. Оддалечувањето од ситуацијата овозможува рационално разбирање на она што се случува.